Ќе преживее ли Netflix без The Office, Friends и Marvel?

Објавено на 23.01.2021 13:59 во Рецензија


Ќе преживее ли Netflix без The Office, Friends и Marvel?

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Најпопуларниот стриминг сервис за видео содржини Netflix остана без содржана која во изминатиот период била прегледана над 1 милијарда часови, односно повеќе ги нема на располагање хит сериите The Office, Friends и сериите со супер хероите на Marvel.

Култни серии како знак за престиж на стриминг сервисот

Според статистките двете ситком серии биле најмногу стримани на Netflix бидејќи и двете нудат по десетина сезони и стотина епизоди. The Office повеќе нема да се прикажува на Netflix бидејќи Comcast со нивниот нов стриминг сервис Peacock платија половина милијарда за ексклузивните авторски права и оваа серија ќе ја имаат само на нивната платформа.

Исто така серијата Friends која иако е стара десетина години и Netflix досега плати околу 130 милиони долари за нејзино емитување, ќе мора да се гледа преку платформата на Warner која си ја задржа во нејзина сопственост.

Сериите со супер херои како Daredevil, Jessica Jones, Iron Fist и Luke Cage кои првично беа во ко-продукција со Netflix сега се прикажуваат единствено на стриминг платформата Disney Plus која се смета за главен конкурент на пионерот во стриминг индустријата, а со нив исто така привлекува нови претплатници, додека пак споменатите ликови сега ќе бидат дел и од филмскиот и телевизиски универзум на Marvel.

Се повеќе и повеќе содржини

Сепак, и без понудата на повеќе популарни серии и содржини Netflix и натаму добро се држи споредено со новите конкуренти Disney Plus, Amazon Prime Video, Hulu, HBO MAX, Apple TV Plus и останатите.

Netflix најави дека годинава ќе има премиера на дури 70 нови оригинални филмови, како уникатен потфат кој треба да го замени бокс-офисот во време кога кино салите се или целосно затворени или работат со големи ограничувања поради пандемијата со КОВИД-19.

Netflix исто така доминира на глобално ниво поради понудата на различни содржини од шпанска, руска, турска, германска, чешка, полска продукција, а се очекува да продолжи со понуда на содржини од нови земји и јазици.

Во поглед на одржливоста на Netflix и потрошените десетици милијарди долари заеми кои се вложуваа во каталогот на содржини, компанијата има добри вести за инвеститорите. Според последните финансиски извештаи компанијата е блиску до генерирање на доволно приходи за да може од сопствени извори да ги исполнува плаќањата и вложувањата во операциите, па така масовниот влог очигледно е дека ќе се исплати наскоро.

Има ли Netflix потенцијал за фан франшизи?

Тоа што треба да го загрижува Netflix е понудата на големите франшизи на Disney Plus. Серијата The Mandolorian која е дел од Star Wars привлече огромно внимание кај корисниците, имаше солидни оценки за квалитетот досега на двете сезони и ваков вид на проекти од големи франшизи кои се претходно етаблирани му недостасуваат на Netflix, бидејќи истите треба да ги создаде од нула, нешто што им успеа со Stranger Things, Narcos, The Crown, Money Heist, содржините поврзани со Breaking Bad, The Witcher, Ambrella Academy и други, но допрва треба да се види колку од нив имаат потенцијал за спиноф содржини и одржување на вниманието на базата на фанови. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар