Cyberpunk 2077 наместо да ги реши ги зголеми проблемите во играта

Објавено на 24.01.2021 15:58 во Рецензија


Cyberpunk 2077 наместо да ги реши ги зголеми проблемите во играта

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија
Cyberpunk 2077 и натаму е најозборуваната видео игра моментално бидејќи гејмерите кои веќе ја купија чекаат трпеливо да пристигне надградбата која треба да ги реши сите претходни проблеми како и багови кои целосно ја блокираат приказната.
 
Полското хит студио CD Project RED веќе направи една голема надградба со која требаше да ги подобри перформансите на Cyberpunk 2077 за претходната генерација на конзоли за видео игри како што се Playstation 4 и Xbox One вклучувајќи ја и стриминг платформата Google Stadia.
Од една страна промените се видливи и гејмерите може многу полесно да ја користат Cyberpunk 2077 на нивните постари конзоли, но сега се јавија нови суштински проблеми кои може целосно да ја закопат приказната без можности за напредок во сингл плеер кампањата.
Такемура сѐ уште чека и чека
Претходно излегоа голем број на мемиња со тоа дека Такемура еден од придружните ликови ве чека за да ја продолжите мисијата. Вообичаено гејмерите сакаа да го завршат првиот акт од приказната, па потоа кога тој дел завршува да се посветат на споредните мисии, да набилдаат рејтинг, и да откријат помоќни оружја кои ќе им бидат потребни понатаму кога и непријателите се многу потешки.
Е сега, со новиот апдејт Такемура се уште чека, но ќе го чекате и вие бидејќи според приказната за да продолжи мисијата "Down on the street" потребно е Такемура да ви се јави и да ве побара.
Овој нов суштински баг е забележан кај голем број на гејмери без оглед дали се на конзола или на PC. Некои најдоа различни решенија, на пример прво да ја завршите делот од приказната со Џуди исто така еден од споредните ликови, за потоа да ве побара Такемура. За некои оваа тактика функционира за други воопшто не. 
Други гејмери пријавуваат дека штом Такемура конечно ве побара на телефон воопшто ништо не кажува и повторно приказната е закочена. Следен начин на надминување на овој баг е да му спуштите по телефон, да одберете некоја од споредните мисии и потоа да почекате да поминат 24 часа во играта за Такемура повторно да ве побара и конечно да продолжите со главниот дел од приказната. 
Најверојатно и овој проблем ќе биде решен во следната надградба на CD Project RED, но дотогаш фановите или треба да бидат трпеливи и да чекаат или да наоѓаат креативни решенија на гејминг заедницата.
Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар