LG ги претстави своите ТВ адути за 2021 и подобрен webOS 6.0

Објавено на 27.01.2021 12:13 во Рецензија


LG ги претстави своите ТВ адути за 2021 и подобрен webOS 6.0

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Подобрен кориснички интерфејс;
- Mini OLED екрани;
- Magic Remote далечински управувач;
- Добитник на CES 2021 награди;
- Подобар процесор;

 

Negatives:



Целата рецензија

Уште за време на првиот ден на виртуелниот технолошки саем од CES 2021, LG ја претстави својата премиум линија на телевизори што вклучуваат OLED, QNED Mini LED и NanoCell телевизори. Внатре во линијата се наоѓа и моделот 48C1, добитник на наградата CES 2021 Best of Innovation Award, но и неколку други добитници на признанијата Innovation Award. 

LG линијата е надградена со нови OLED панели, нова напредна LCD структура на панели, кои ја комбинираат технологијата на Quantum NanoCell со mini LED позадинското осветлување за подобрена прецизност на боите, поголем контраст и надграден AI процесор, подобрен webOS интерфејс и неверојатен нов изглед за 2021 година.

Најновата G1 серија на LG содржи OLED evo, технологијата што овозможува подобар приказ на сликата со живи бои. LG C1 серијата може да се пофали со разновидни големини, од 48-инчи за гејмерите, до новиот 83-инчен модел што овозможува одлични можности за организирање на филмските вечери.

Најновиот интелигентен процесор α (Alpha) 9 Gen 4 AI, ги подобрува перформансите на најновите LG OLED телевизори од сериите Z1, G1 и C1, LG QNED Mini LED моделите QNED99 и QNED95, како и LG NanoCell моделите NANO99 и NANO95. Процесорот применува длабочинско учење за подобрување на апскејлингот, што содржините со било какви квалитети ги чини совршени на големи дисплеи.

Овозможува начин на работа со AI Picture Pro што на екранот препознава лица и тела и разликува предни и позадински предмети, обработувајќи ги независно едни од други, со цел сликата да остане тридимензионална. Дополнително е оптимизиран квалитетот на сликата, нивото на светлост во сцените и амбиенталните услови. 

Со новата верзија на AI Sound Pro технологијата за обработка на звук, има виртуелен 5.1.2 surround звук и Auto Volume Leveling што овозможува доследно ниво на гласност при префрлање меѓу каналите или стриминг апликациите. 

Благодарение на надградената смарт ТВ платформа со webOS 6.0, корисниците имаат побрз пристап кон апликациите и поедноставно откривање на содржината со лични препораки. Заедно со подобрениот далечински управувач Magic Remote што вклучува посебни типки за популарните овозможувачи на содржина, новиот webOS на LG им нуди на корисниците полесно управување и навигација со LG телевизорите од следните генерации и растечкиот webOS екосистем.

LG OLED телевизорите стекнаа и репутација на телевизори за играње на конзоли и PC gaming. LG OLED телевизорите за 2021 година се опремени со нови спецификации како што се Game Optimizer, што се одзива за 1 милисекунда од времето со мало доцнење и четири влезови со најновите HDMI спецификации. Не само што на корисниците им овозможува пристап кон сите поставки поврзани со игрите на едно прикладно место, Game Optimizer автоматски ги применува најдобрите поставки за слика според видот на играта. LG OLED телевизорите се компатибилни со G-SYNC технологијата, има FreeSync Premium, а имаат и променлива брзина за прилагодување (VRR).

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.