Криминалците се повеќе ја злоупотребуваат вештачката интелигенција за напади

Објавено на 29.01.2021 11:50 во Рецензија


Криминалците се повеќе ја злоупотребуваат вештачката интелигенција за напади

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Голема злоупотреба на вештачката интелигенција за кибернетски криминал;



Целата рецензија

Животот и работата се повеќе се преместуваат во дигиталната сфера, па така и криминалците се повеќе се активни. Добро им е познато на сите дека првата линија за одбрана од кибернетскиот криминалц е добра антивирусна програма, која редовно се ажурира. Ако додадеме и firewall на тоа, може да се каже дека сме прилично добро заштитени од потенцијални напади.

Истражувањето спроведено од Европол, Институтот за меѓународен криминал и правдата на Обединетите народи (UNICRI) и компанијата Trend Micro, покажало дека криминалците често ја користат вештачката интелигенција за своите погоди. 

Вештачката интелигенција за светот ветува поголема ефикасност, автоматизација и автономија. Во моментот кога се појавуваат почести прашања за потенцијалната злоупотреба на вештачката интелигенција, мора отворено да зборуваме за заканите и предностите од користењето на вештачката интелигенција, вели Едвардас Шилерис, шефот на Европол центарот за кибернетски криминал. 

Во истражувањето се наведува дека deepfake видеото веќе не е единствен начин на кој кибернетските криминалци користат вештачка интелигенција за напади. Во последно време го прошириле своето делување ина дезинформациски кампањи, изнудување пари и целно напаѓање на податоците што другите системи на вештачката интелигенција ја користи за учење и работа.

Кибернетските криминалци ја користат вештачката интелигенција и за креирање на убедливи напади базирани на социјален инженеринг, што може да го спроведуваат на многу жртви истовремено. Ја користат и за ширење на документи со малвер, со цел нападот да може да биде што е можно поефикасен. Не треба да се заборави дека ВИ се употребува за заобиколување на препознавањето на гласот или сликата за интелигентни ransomware напади, но и пронаоѓање на слабите точки во системите.

Вештачката интелигенција дефинитивно е темел за иднината, која ни носи одредени предности, но и недостатоци. Најголем проблем е што криминалците се повеќе ја злоупотребуваат ВИ за злонамерните програми, кои ги заобиколуваат антивирусните системи и системите за препознавање на лице. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.