Што ќе донесат Clips на YouTube?

Објавено на 30.01.2021 19:21 во Рецензија


Што ќе донесат Clips на YouTube?

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

YouTube постојано се труди да остане релевантен и да воведува нови функции за корисниците да останат ангажирани како и порано и да биде во чекор со бројните нови конкуренти во видео сегментот.

YouTube моментално е најмасовната видео платформа со најголем број на корисници и секако најголема количина на содржина. Но, новите апликации си најдоа свои специфични таргет публики и сопствени уникатни функции кои на YouTube ги немаше.

Главни конкуренти на YouTube во видео понудата се Twitch во делот на гејминг и стриминг на видео игри, додека пак TikTok е доминантен како социјална мрежа за објава на кратки видеа со забавни ефекти и музички додатоци.

YouTube се обидува да води војна на сите фронтови, како во делот на стримингот така и во делот на специфичните содржини за креаторите на видеа. Една од новите функции која треба да го одржи YouTube како релевантен сервис е наречена Clips и е наменета како за креаторите на содржини и за корисниците.

Clips ќе биде дел од главната лента за споделување и реакции на објавените видеа на YouTube. Замислата е многу едноставна, секој ќе може да сподели сегменти од поголемо веќе објавено видео на YouTube со максимална должина од 60 секунди.

Идејата е на пример корисниците да споделат на социјалните мрежи или на нивниот канал на YouTube мал сегмент од конкретно видео каде има специфична поента или заклучок или некоја интересна содржина, а со тоа и да се покрене дискусија или да се истакне нешто важно за да се избегне прегледување на целото видео кое може да трае и над дваесет минути.

За креаторите на содржини тоа ќе значи и алатка плус за едноставно монтирање на краток сегмент од нивните подолги видеа. На пример краткиот сегмент од 60 секунди да служи како тизер, најава или како издвоена поента која може да се сподели на платформата на YouTube или социјалните мрежи. 

Во поглед на пласирање на рекламите особено за креаторите кои зависат од овие приходи од YouTube истакнаа дека ќе направат соодветни прилагодувања на алгоритмот за пласирање на рекламите, но не откриваат повеќе детали како ќе се одвива монетизацијата на Clips и колку тие ќе им помогнат на креаторите во собирање на дополнителни приходи.

Засега новата функција Clips е во тест фаза и е овозможена само за десктоп верзијата на YouTube со тоа што конечното решение ќе биде достапно за сите верзии на апликацијата и мобилни платформи. 

YouTube ќе мора да размисли и на кој начин ќе се прикажуваат Clips, дали во посебни канали или плејлисти но, засега очекувањата се дека ќе мора да понудат нешто подобро од Popular Clips сегментот на Twitch.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар