Big Brother е новиот систем за казнување во Amazon

Објавено на 04.02.2021 18:51 во Рецензија


Big Brother е новиот систем за казнување во Amazon

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Зголемена безбедност на патиштата со помош на вештачката интелигенција;
- Ефикасност во работата со помош на видео надзорот;

 

Negatives:

- Намалување на приватноста на вработените во компанијата;



Целата рецензија

Big Brother е знак дека шефовите не им веруваат на вработените. Amazon неодамна почна да го тестира новиот систем за надзор на своите доставувачи со цел да се зголеми безбедноста, тврдат од компанијата. 

Како што се зголемува безбедноста, така се намалува и приватноста на вработените поради константниот видео надзор на доставувачите во нивните возила. Amazon им испратил документи на доставувачите, кои мора да потпишаат дека нивните возила инсталирале AI камери, кои постојано ќе ги надгледуваат. Компанијата не прифаќа не како одговор, па ако не ги прифатите нивните барања и не инсталирате камери, слободно може да побарате друга работа.

Во возилата се инсталира систем со четири камери, едната ги следи патиштата, двете левата и десната страна, а третата е насочена кон возачот. Камерите не пренесуваат содржина во живо што го снимаат од Amazon и не снимаат звук. Возачите може да ги исклучат само кога ќе стопираат за одмор, ручек и слично. Вештачката интелигенција следи се што се случува во возилото и надвор од него и детектира неодговорни однесувања на возачот: на пример, ако не го гледа патот, не застанува на знак стоп, пребрзо вози, нагло кочи, не одржува растојание, итн. Во таквите случаи системот ќе го предупредува возачот и го пријавува во Amazon.

Ако вештачката интелигенција го забележи возачот како се прозева, го советува да го стопира возилото и да одмори малку. Доколку возачот не ги послуша што им кажува вештачката интелигенција, таа може да ги пријави на Amazon и некој од компанијата ќе ги повика возачот и ќе ги советува да му го скрати одморот.

Доставувачите на Amazon не се воодушевени со тоа што системот за надзор ќе им стои над глава во автомобилите и ќе ги следи се што ќе прават. CNBC соопштува дека анонимните возачи со коишто разговарале, системот со камерата го опишуваат како “Big Brother”, „вознемирувачки“ и „систем за казнување“. Сега ја опишуваат својата работа како стресна, оти се под константен притисок да испорачаат голем број на пакети секој ден, а со додавањето на камерата само ќе го зголемат тој притисок.

Тоа значи дека секое возило на Amazon ќе стане и нивна надзорна камера. Моментално нема никакви закони што одлучуваат што Amazon може да направи со снимките еднаш кога ќе ги собере, предупредува Иван Грир од организацијата за дигитални права Fight for the Future.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.