Како функционира сајтот за регистрирање за КОВИД-19 вакцината?

Наши забелешки
Positives:
Negatives:
Министерството за здравство во периодот додека чека да ги донесе првите вакцини во земјата ја лансираше веб страната vakcinacija.mk на која граѓаните ќе може да се регистрираат и да изразат интерес да ја примат вакцината против КОВИД-19.
Со оглед на тоа што Македонија и натаму е меѓу земјите во регионот која до неодамна немаше ниту една доза на вакцини интересот на граѓаните е огромен. Затоа и во првите моменти кога сите нагрнаа да го отворат сајтот од преголем интерес имаше и блокада на vakcinacija.mk. Речиси секогаш кога се лансира ваков сајт од државен интерес не се зема во предвид дека интернет сообраќајот ќе биде засилен па затоа мора да се мисли и на соодветен хостинг кој ќе ги покрие потребите.
Сега кога веќе сајтот е стабилен корисниците може да се регистрираат, но и натаму во нашите последни обиди не е целосно јасно дали поднесената апликација е целосно прифатена и регистрирана бидејќи не добивме повратен одговор на маил.
Граѓаните преку vakcinacija.mk треба да остават повеќе лични податоци како име и презиме, матичен број, телефонски број, e-mail адреса. Исто така треба да одбере во кој здравствен дом сакате да ја примите вакцината.
Откако ќе ги внесете сите податоци и одберете каде ќе се вскцинирате треба да стиснете потврди. Организирањето на имунизацијата на населението ќе се координира преку матичните лекари.