Poco M3: Ценовно прифатлив смартфон со супер издржлива батерија!

Објавено на 20.02.2021 20:58 во Рецензија


Poco M3: Ценовно прифатлив смартфон со супер издржлива батерија!

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.3


Цена
10.0


Камера
9.7


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

+ Пластика дизајнирана да изгледа како кожа;
+ USB-C влез за полнење;
+ Страничен сензор за отпечатоци за отклучување на телефонот;
+ Отклучување на телефонот со лице;
+ Функционален кориснички интерфејс и најнов софтвер;
+ Долготрајна батерија;
+ Добри слики благодарение на вештачката интелигенција;
+ HDR;
+ Предната камера има вештачка интелигенција и HDR;
+ Поседува доволна меморија;

 

Negatives:

- Нема NFC технологија;
- Снимање видео со ниска резолуција;
- Хардвер што ќе ги задоволи само обичните корисници;



Целата рецензија

Кон средината на 2018 година, Xiaomi го лансираше првиот модел од новата серија на смартфони Poco, кого многумина го нарекуваа убиец на предводници. Poco F1 имаше голем екран, одлична камера и одличен процесор, каков што се вградуваше во повеќето моќни Android смартфони. Ниту еден од конкуренцијата не беше ниту приближно близу до таа цена.

Со текот на времето Poco стана самостоен бренд, иако е се уште дел од Xiaomi. Сега е претставен и M3, кој може да се категоризира како смартфон од пониска категорија, што е одлична понуда за обичните корисници.

Поинаков од другите

Дизајнерите на Poco со текот на развојот на смартфони, размислувале надвор од рамките и одлучиле да направат нешто поинакво. Од телефонот од оваа категорија можеме да очекуваме класично пластично куќиште и камери сместени една под друга или организирани во некаков квадрат од левата бочна страна на уредот или на средината, но тоа не е случајот со моделот M3. Задниот дел е навистина изработен од пластика, која е одлично замаскирана од лажна кожа.

Екранот го зазема речиси цел дел од предната површина, со мал засек во облик на солзи во средината на горниот дел на телефонот во кој е сместена камерата за снимање на селфи слики.

Од левата бочна страна се наоѓа влез за две СИМ картички и мемориска картичка, додека на десната страна се наоѓаат типките за зголемување и намалување и типката за исклучување/вклучување на телефонот, во која е интегриран и сензорот за отисоци на прстите.

Од долната страна имате USB-C влез за полнење, звучник и 3,5мм излез за слушалки. Звучник има и од горната страна на телефонот. За отклучување може да го користите сензорот за отпечатоци од страната или пак предната камера за отклучување со лицето.

Голем дисплеј и хардвер

Дисплејот изнесува 6,53 инчи и станува збор за LCD со фреквенција од 60Hz, резолуција од 2340x1080 пиксели и заштита со Gorilla Glass 3. Со приказот на екранот можеме да бидеме задоволни, иако не би имале ништо против светлината при автоматските поставки да е малку посилна. Екранот не е баш докажан на сонце, на кое видливоста е послаба, што може и да се подобри со активација на сончев режим на работа.

Како што можеме да очекуваме од телефонот од оваа категорија, Poco M3 го нема најмоќниот хардвер на пазарот, што во секојдневната работа понекогаш и може да се почувствува. Poco M3 располага со алатки за оптимизирање, чистење и длабочинско чистење на меморијата, а поседува и забрзување на самиот телефон. Има Qualcomm Snapdragon 662 процесор, 4GB RAM меморија, а на пазарот се достапни верзии со 64GB и 128GB меморија за лични податоци. Може да ставите и microSD картичка до 512GB.

Батеријата како најмоќен адут

Батеријата на Poco M3 изнесува 6000mAh, а долготрајноста зависи од тоа како го употребувате телефонот. Со просечно користење може да очекувате и два дена траење на батеријата. Ако играте игри и апликации што трошат повеќе ресурси од процесорот, ќе мора да го полните пред да завршат двата дена. Од траењето на батеријата дефинитивно ќе бидете и повеќе од задоволни. Од 0 до 100% телефонот се полни за 2 часа и половина. Има недостаток на NFC технологија, што може да биде недостаток кога сакате да извршите мобилно плаќање.

Просечна камера

Poco M3 располага со тројна задна камера со вертикален модул. Фотографските способности на овој телефон се доволно добри за својата категорија, благодарение на сензорот од 48MP ќе добиете квалитет на снимените фотографии во добри временски услови.

Со цел да бидат сликите поквалитетни, вештачката интелигенција ги препознава местата и предметите и така се прилагодува кон условите, а има и HDR. При такви услови, боите може да бидат малку пренагласени. Имате портретен модул, снимање на фотографии со замаглена позадина за чиј квалитет немаме забелешки.

Видео може да снимате само во HD резолуција при 30fps. Покрај главната камера, Poco M3 има и сензор за длабочина и камера за макро снимање. Во пракса камерата за снимање на предмети од близина не се покажа како многу квалитетна, затоа што понекогаш е тешко да го фокусира предметот. Предната камера има вештачка интелигенција и HDR, како и снимање на портретни фотографии, но со софтверското замаглување на позадината се чини како и лицето да го пегла.

Квалитет со компромис

Poco M3 функционира со Android 10 оперативен систем и корисничкиот интерфејс MIUI 12.0.6 на Xiaomi. Корисниците имаат за опција да овозможат поедноставно управување со најчесто користените опции, при што можете да повикувате некого со повлекување на прстот надолу на горниот десен дел на екранот.

Впечатокот на двонеделното дружење со овој уред е позитивен, при што сам треба да водите сметка за категоријата во која телефонот е сместен. Ако ја гледаме цената и квалитетот на Poco смартфонот во споредба со неговите конкуренти од својата категорија, дефинитивно ви го препорачуваме овој модел, кој располага со интересен дизајн, а пред се со супер издржлива батерија и стерео звучници.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар


За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.