Blockchain како гаранција за враќање во нормален живот

Објавено на 26.02.2021 11:40 во Рецензија


Blockchain како гаранција за враќање во нормален живот

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Blockchain технологијата овозможува заштита на личните податоци;
- Брз преглед на историјата на вашите болести и вакцинирањето;
- Заштита од лажни PCR тестови;

 

Negatives:

- Се уште неусовршена технологија за читање на реално вакцинирање;



Целата рецензија

Вакцинирањето против COVID-19 во светот започна, па така се наметна и прашањето за „COVID пасош“. Што значи тоа? Тоа значи посебен третман за оние што се вакцинирани, т.е. оние што не се вакцинирани не би можеле да патуваат во други земји. Некои земји даваат дополнителни потврди со кои гарантираат дека сопственикот е вакциниран, а други внесуваат дополнителни информации во пасошот. Проблемот е што ваквите документи може да се фалсификуваат и тешко е да се провери поединечно дали некој е вакциниран или не.

PCR фалсификувани тестови имаше многу периодов, најмногу на овие балкански простори, колку што можевме да откриеме. Сигурно го имало и низ светот, само нема никој казнето. Поради таа причина технолошките компании понудија решение за олеснување при проверката на идентитетот на патникот во случај на меѓународно патување.

IBM има своја платформа Digital Health Pass која се базира на blockchain технологија и може да се употребува во меѓународниот сообраќај и во организации со големи настани. Тоа може да најде примена дури и кај работодавците што мора да водат сметка за голем број на вработени, кои постепено се враќаат во канцелариите. 

Digitial Health Pass платформата има издавач на сертификат: здравствени установи, лаборатории, центри за тестирање или вакцинирање, и друго. Платформата ги има и телата и компаниите што ја проверуваат точноста на тие сертификати. Проверувањето ќе се извршува благодарение на blockchain технологијата, без никаква размена на податоци или откривање на нечии лични податоци. Она што треба да се знае во целиот процес е колку вакцинираната личност се контролира и колку од нивните лични податоци ќе може да ги видат овластените личности и во кој момент.

Експертите објаснуваат дека во здравствената установа во која што некој се вакцинира против COVID-19, може да се издаде дигитален или хартиен сертификат со QR код. При проверката, личноста го покажува тој QR код (кој може да се меморира во апликација на смартфонот или во хартиен формат за оние што немаат телефон како потврда) на овластеното лице во телото и компанијата што се регистрирало за проверка на QR кодови. Овластеното лице го скенира QR кодот со сопствен уред со инсталирана апликација за проверка. Во тој момент податоците од QR кодот се проверуваат и на екранот на уредот и веднаш се покажува дали податоците се точни.

Целиот процес е многу едноставен за корисниците, иако во позадина се користи нова технологија, децентрализирана идентификациска архитектура и w3c отворен стандард. Во споредба со традиционалните решенија што подразбираат размена на податоци меѓу организациите и меморирањето на тие податоци, кај децентрализираната архитектура, поединецот станува активен учесник и одлучува кои податоци ќе бидат видливи, за кого и како ќе се користат.

Главна предност на ова решение е што никакви лични податоци не се меморираат на blockchain мрежата. Личните податоци се секогаш кај лицето што е нивен сопственик и која сама одлучува што од тие податоци ќе бидат видливи. Така на здравствениот работник ќе му се овозможи пристап кон историјата на болеста и историјата на вакцинирањето, додека на граничниот полицаец ќе му се овозможи пристап само до потврдата за вакцинирањето и историјата на неговото име, презиме и број на пасош.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.