Apple до 2040 ќе претстави револуционерни контактни леќи

Објавено на 10.03.2021 08:20 во Рецензија


Apple до 2040 ќе претстави револуционерни контактни леќи

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Контактни леќи до 2040 година;

 

Negatives:



Целата рецензија

Често можеме да прочитаме на интернет размислувања од аналитичари за производи на коишто големите компании веќе работат или за кои размислуваат. Минг Чи-Куо открива дека Apple има големи планови со проширената и виртуелната реалност до 2040 година.

Првата фаза за таа цел вклучува кацига-уред, кој ќе има поддршка за проширена и виртуелна реалност и неговото претставување се очекува следната година, со цена од околу 1000 долари. Кацигата ќе биде опремена со Sony micro-OLED екрани и неколку оптички модули, а Куо вели дека таа кацига ќе биде преносна, т.е. ќе има независен извод на моќ и меморирање на податоци, но не и толку мобилна како iPhone. Таквиот уред би требало да овозможи многу подобро искуство во споредба со постоечките слични уреди.

Клучно за продажба на овој уред е интеграцијата со Apple сервисите како Apple TV+ и Arcade, што значи дека би овозможил целосно ново искуство за гледање на видеа и играње игри. Неколку години потоа е планирана втората фаза и најрано можеме да очекуваме очила за проширена реалност до 2025 година.

Во текот на следната деценија, значи од 2030 до 2040 година, Apple би требало да ги претстави револуционерните контактни леќи, кои исто така ќе бидат со поддршка за проширена реалност.

Можеме да претпоставиме дека внатре во таквите леќи би се прикажувале важни податоци и известувања какви што прегледуваме денес на екраните на телефоните и смарт часовниците. Се разбира, моментално е тешко да се кажува за некои уреди, какви што би требало да се појават во продажба за 10 или 20 години и со големиот напредок на технологијата се е можно да се промени. Секако е добро да знаеме во која насока размислуваат лидерите на Apple.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.