Asus ROG Phone 5: Ѕверско гејминг искуство во „Матрикс“ стил

Објавено на 15.03.2021 20:07 во Рецензија


Asus ROG Phone 5: Ѕверско гејминг искуство во „Матрикс“ стил

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
9.1


резултат
9.8


Наши забелешки

Positives:

+ Најдобрите звучници вградени воопшто во смартфон;
+ Квалитетен дисплеј;
+ Огромна батерија со 65W полнење;
+ Прецизен сензор за отпечатоци вграден во екранот;
+ AirTriggers;
+ Перформанси со ѕверска моќност;
+ Максимална стапка на освежвување до 144Hz;
+ Брза реакција на екранот со екстремно ниска латентност;

 

Negatives:

- Слаба камера;
- Пластичен заден панел;



Целата рецензија

Asus ROG Phone 5 е значително подобрен од минатогодишниот ROG Phone 3 со подобри стерео звучници, подобрена долготрајност на батеријата, со ниска латентност на дисплејот. ROG Phone 5 ќе биде лансиран овој месец, кој во Европа ќе чини 799 евра.

Дизајн

Asus ROG Phone 5 во споредба со претходникот е малку повисок како повеќето модерни предводници. Одлично се чувствува кога ќе го фатите во раката. На предната страна од горната и долната страна се сместени звучниците, кои се најдобрите звучници досега воопшто вградени во смартфон, заедно со селфи камерата, делот за увото и нотификациската сијаличка. Под Gorilla Glass Victus-покриениот дисплеј има оптички скенер за отпечатоци на прсти, кој е многу брз и прецизен.

Asus ROG Phone 5 располага со метална рамка, со копчиња за вклучување/исклучување и за звук од десната страна. На истата страна има и два AirTriggers, локации што се чувствителни на допир, кои личат на кочиња за рамо на играчка. Од левата страна на телефонот има специјален конектор за ROG Phone гејминг додатоци, како што се на пример AeroActive Cooler 5. Од задната страна го имаме логото на ROG во стилот на „Матрикс“, кое може да се менува со различни бои. Кога ги исклучувате светлата, ROG логото е се уште видливо, што му дава екстравагантен изглед на телефонот.

Екран

Asus ROG Phone 5 располага со неверојатен 6.78-инчен AMOLED дисплеј и резолуција од 2448x1080 пиксели. Неговата стапка за освежување оди до 144Hz за одлично искуство, со минимални 60Hz. Дисплејот има HDR10+ сертификат, што значи подобрени бои и контраст кога гледате филмови, со ниска латентност на екранот, кој одговара на допир за 24.3 милисекунди. Тоа значи дека ROG Phone 5 реагира побрзо од било кој друг актуелен смартфон, што е одлична вест за сите гејмери.

Аудио

Една од најдобрите нешта кај ROG Phone 3 беше квалитетот на звучниците, се разбира, мора да има добар звук за добро гејминг искуство. Asus сепак не застанал во меѓувреме додека да излезе Asus ROG Phone 5, кој го подобрил уште повеќе со поголеми стерео звучници, кои се уште погласни. Благодарение на нивното ефективно разделување еден од друг, басот и чистината на звукот, ROG Phone 5 има звучници што може лесно да им конкурираат на Bluetooth звулниците од таблети и лаптопи. ROG Phone 5 има џек за слушалки и високо-квалитетен DAC конвертер (digital-to-analog converter) за одлично искуство. 

Камера

Камерите се далеку од главниот фокус на било кој гејминг смартфон, но Asus ROG Phone 5 има тројна камера за респект. Главниот сензор изнесува 64MP (Sony IMX686), кој може да снима и 8K видео, додека другите две камери се ултраширок сензор од 13MP и макро камера од 5MP. Во добрите услови на осветлување сликите се остри и со детали, додека камерата со широк агол дава одлични резултати, барем за оние што сакаат стилизирани фотографии. Предната камера продуцира добри слики, главно во денскиот период и може да креирате добри спомени со Portrait mode.

Софтвер

Asus ROG Phone 5 доаѓа со Android 11 и ZenUI кориснички интерфејс. За гејминг имате многу нешта што може да ги менувате, главно алатката X Mode. X Mode му овозможува поголема корисничка контрола на сопственикот за процесорот и графиката на ROG Phone 5, RAM перформансите, контролата на температурата, времето на освежување на дисплејот, сензитивноста на допирот и уште повеќе. Со помош на X Mode, мобилните гејмери ќе може да го претворат Asus ROG Phone 5 во компјутер за играње.

Благодарение на неговите перформанси, ROG Phone 5 ќе ви овозможи незаборавно гејминг искуство без разлика која игра ја играте, дури и оние што најмногу бараат. Ако играте PubG Mobile може да го сетирате на "HDR" и "Ultra" стапка на освежување, а Minecraft со "Fancy Graphics" и "Smooth Lighting" функционираат одлично исто така, без разлика на тоа што имаме стапка на освежување од 144Hz.

Хардвер

Asus ROG Phone 5 има 16GB RAM меморија, 256GB внатрешна меморија и моќта ја покренува процесорот Qualcomm Snapdragon 888 5G. Ако тоа не е доволно, ROG Phone 5 ќе го има и во 5 Ultimate варијанта со 18GB RAM меморија. Повисоката класа на ROG Phone 5 варијанти пристигнува со секундарен дисплеј од задната страна, каков што класичниот Asus ROG Phone 5 го нема.

Батерија

Asus ROG Phone 5 располага со дуална батерија од 3000mAh, што значи дека ќе биде 6000mAh вкупно - импресивна долготрајност. Кога го тестиравме на 60Hz, Asus ROG Phone 5 траеше 13 часа и 17 минути при сурфање на прелистувачот или 10 часа и 8 минути во 3D гејминг, или пак над 13 часа со гледање видеа на YouTube на максимум 144Hz. ROG Phone 5 доаѓа со солиден 65W полнач, кој е навистина моќен кабел за полнење од 0% до 70% за само 30 минути.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.