Барал брза заработка на интернет, останал без животната заштеда

Објавено на 18.03.2021 07:30 во Рецензија


Барал брза заработка на интернет, останал без животната заштеда

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Се уште има наивни луѓе, измамите на интернет во пораст;
- Можност за исцедување на вашите животни финансиски залихи;



Целата рецензија

Милионите исчезнале за само неколку секунди. Ако некој преку интернет ви каже да му платите пари, а тој ќе ви врати двојно поголем износ на вашата сметка, што е првото нешто на коешто би помислиле? ИЗМАМА

Поради наивноста и желбата за брза заработка, како и лукавоста на измамниците, многумина се надеваа дека некој навистина сака да им подари многу пари. Надежта кратко трае, затоа што потоа следува свестување и еуфорија поради заработката, се менува во чувство на срам, тага и очај поради губење на парите.

Оние што се повнимателни вложуваат помали цифри, но повремено секогаш наоѓаат толку наивен што е спремен да вложи поголеми износи во желбата преку ноќ некој да се обогати. Еден таков наивен човек ја споделил својата приказна со новинарите од BBC, а неговата непромисленост го чинела дури 10 биткоини. Податокот што неодамна еден биткоин достигна вредност од 60 илјади долари е доволна информација за тоа колку изгубил.

Измамата на која наседнал не е нова, измамниците успешно ја прават веќе со години. Безбедносните експерти предупредуваат дека зголемувањето на таквите измами може да се поврзе со порастот на вредноста на биткоинот, оти со растот на вредноста, расте и интересот на корисниците за таа криптовалута. Бандата на измамници, како што ги нарекуваат на BBC, најчесто целат кон следбениците на познатите личности што често твитаат, како што е Илон Маск. Тие прво на Twitter прават лажни профили на Маск или некој друг познат твитерџија, за кој на прв поглед може да изгледа како да е вистинскиот Маск, но тие што знаат како се разликува верификуван профил од лажен, веднаш може да ја забележат разликата во профилите.

Под објавата на вистинскиот Илон Маск, измамниците со лажен профил пишуваат коментар со дарување на биткоин и внесуваат линк, на кој треба да кликнат со цел да ги добијат парите. Кога ќе го напишат тоа под твитот на Маск, невнимателните може да добијат впечаток дека тоа е коментар од вистинскиот Маск, кој ги дели парите. Линкот од коментарот ќе ве одведе на страницата преку која корисниците може да ги испратат своите биткоини, по што во својот паричник ќе примаат двојно поголем износ од таа криптовалута. На страницата има и бројач што одбројува до кога „промоцијата завршува“, со што измамниците успеваат да ги наговорат неодлучните луѓе што порано да ги уплатат парите, без премногу размислување.

Човекот со кој што разговарале новинарите од BBC што наседнал на таквата измама после твитот на Маск, измамниците ги почестил со 10 биткоини, чија вредност во тоа време изнесувала над 400 илјади фунти. За неколку секунди исчезнале сите големи фамилијарни планови, патувања, како и сите пари за кои што се спремал човекот за прерано пензионирање.

Она што мора да го знаат луѓето, е дека ваквите измами се во пораст во последно време и експертите за безбедност нагласуваат дека во текот на минатите години измамниците успеале да ги „олеснат“ корисниците за 16 милиони долари, додека за првите три месеци годинава таа цифра достигнала веќе 18 милиони долари.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.