Huawei ја објави Белата книга за иновации: Во 2020 над 100.000 активни патенти

Објавено на 20.03.2021 11:50 во Рецензија


Huawei ја објави Белата книга за иновации: Во 2020 над 100.000 активни патенти

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Голем број на патенти и иновации;
- Бела книга секоја година;
- Лидер во 5G технологијата;

 

Negatives:

- Банирање од страна на САД;



Целата рецензија

Huawei ја објави Белата книга за иновации и интелектуална сопственост за 2020 година на „Форумот за иновации и развој на интелектуални права во 2021 година и потоа“. Таа ги прикажува иновациите на Huawei и потврдува дека компанијата е една од најголемите светски носители на патенти.

Huawei на крајот на 2020 година имал над 100.000 активни патенти, во над 40.000 групи на патенти. Huawei го пријавил својот прв патент во Кина во 1995 година, а првата пријава на патенти во САД во 1999 година. Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO) за прв пат го воведе Huawei на првото место според бројот на патентни пријави во 2008 година. 

Huawei во 2019 година според бројот на доделени патенти беше рангиран на 2 место во Европа и на 10 место во САД. Huawei воедно е најголемиот носител на патенти во Кина. Huawei проценува дека помеѓу 2019 и 2021 година, обезбедил од 1,2 до 1,3 милијарди долари приходи од лиценцирање на патенти. Исто така, најавил и за секој повеќемоден 5G смартфон да наплати разумен процент за надомест за лиценците во висина од 2,5 американски долари.

„Сакаме да ја покажеме инсторијата на нашите иновации во минатите 30 години и нашата долгорочна посветеност на почитта, заштитата и придонесот на интелектуалните права. Со оваа Бела книга сакаме да ви овозможиме подобро разбирање на тоа како Huawei стана она што е денес“, изјави Сонг Лиупинг, главниот правен директор на Huawei.

„Иновацијата е сржта на работењето на Huawei од основањето на компанијата. Нашата Бела книга за 2020, наведува број на пријавени патенти, односно нашите активности во областа на истражувањето и развојот, како и иновациите кон крајот на 90-те и почетокот на 2000-те. Денешниот успех на Huawei е разултат на долгорочно вложување во иновации, истражување и развој. Huawei е најголемиот технолошки придонесувач за креирање на 5G стандардот и ги следи поштените, разумните и недискриминирачките (FRAND) начела, кога станува збор за лиценцирање на патенти“, вели Џејсон Динг, Директорот на одделот за права на интелектуална сопственост во Huawei. 

Huawei ја објави својата структура за надомест за лиценцата за 5G стандардните патенти (SEP), со цел да поттикне широко прифаќање и употреба на стандардот дизајниран за да овозможи интероперабилност, доверливост и транспарентно натпреварување, истовремено обезбедувајќи поврат на влогот во устражување и развој, вели Франсис Гари, поранешниот генерален диркетор на Светската организација за интелектуална сопственост (WIPO).

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.