Samsung Galaxy S21+: Премиум моќ и елеганција

Објавено на 29.03.2021 11:32 во Рецензија


Samsung Galaxy S21+: Премиум моќ и елеганција

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
9.9


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Безжично полнење и реверзибилно безжично полнење;
+ Дизајн што не остава траги од отпечатоци;
+ USB Type-C;
+ Премиум дизајн;
+ Максимална брзина на освежување од 120Hz;
+ Побрз сензор за отклучување;
+ Подобрени спецификации на камерата благодарение на вештачката интелигенција;
+ Со View се прават професионални видеа;
+ Зголемен капацитет и долготрајност на батеријата;
+ Огромен Dynamic AMOLED 2X дисплеј;
+ Добра цена;
+ Samsung One UI 3.1 кориснички интерфејс;

 

Negatives:


 



Целата рецензија

Samsung оваа година претстави три нови Galaxy S телефони: Galaxy S21, Galaxy S21+ и Galaxy S21 Ultra (за кого претходно пишувавме). Огромен фокус е ставен во јавноста на најмоќниот Ultra модел, кој се разликува од другите два по поголемата моќ на камерата и поддршката за S Pen. Меѓутоа Galaxy S21+ не заостанува многу, ако ја споредиме сличната големина на екранот, големиот капацитет на батеријата и премиум изгледот.

Дизајн

Гледајќи го предниот дел на Samsung Galaxy S21+, има мали разлики во споредба со S20+. Новиот модел е поширок и потежок, но тоа не се чувствува многу кога го ракувате, затоа што е добро урамнотежен. Дефинитивно сме сигурни во едно, S21+ се чувствува како премиум смартфон, и тоа секој милиметар од уредот. Во живо изгледа многу подобро одошто на сликите, а неговите блок камери од задната страна се навистина нешто фасцинантно. 

S21+ е достапен во Phantom Black, Phantom Silver и Phantom Violet боите. Сите модели се со стаклена позадина и мат површина, која врши одлична работа со оглед на тоа што има висока отпорност за отпечатоци од прсти. Типките за звук и вклучување/исклучување, Bixby, се наоѓаат на десната страна, а од долната страна се наоѓа влезот за СИМ картичка, USB Type-C влезот и звучникот. Од горната страна има дополнителен звучник, додека стаклената позадина овозможува безжично полнење и реверзибилно безжично полнење.

 

Дисплеј

Samsung Galaxy S21+ има 6.7 инчен Dynamic AMOLED 2X 20:9 дисплеј, со Full HD+ резолуција, што е многу поблиску до Samsung Galaxy S21 Ultra 6.8 инчи отколку до S21 со 6.2 инчи. Уште една клучна разлика меѓу S21+ и S21 Ultra е тоа што плус верзијата нема поддршка за S-Pen. За среќа, екранот на новиот телефон и понатаму поддржува максимална брзина на освежување од 120Hz. Сензорот за отпечатоци на прсти на екранот на S21+ и останатите S21 телефони е поголем од оној на S20 телефоните, а ние потврдуваме со тестирањето дека е побрз, па според тоа отклучувањето ќе ви биде полесно. 

Камера

Модулот на камерата на Samsung Galaxy S21+ 5G се состои од 12MP широкоаголна леќа, 12MP ултраширока леќа и 64MP телефото објектив, кој може да постигне 3x хибриден зум. Камерата не е различна со сензорите од лани што ги видовме кај Galaxy S20 + од минатата година, меѓутоа новиот Exynos 2100 процесор има подобрени можности на вештачката интелигенција, кој многу помага за подобар квалитет на сликите. Располага со Hybrid Optic Zoom до 3x, Digital Zoom до 30x и селфи камера од 10MP Dual Pixel PDAF. 

Што се однесува до видео записите, Samsung го претстави новиот начин на режисер View, кој ви овозможува истовремено снимање на видео записи со повеќе камери. На пример, може да ја користите предната и задната камера за фаќање реакции, како и вашето главно видео.

Камера сетапот на Samsung Galaxy S21+ е сличен како S20+, што воопшто не е лошо, затоа што компанијата овде се фокусира на моќниот процесор и подобрениот екран. S20 + овде е подобрен од софтверска и хардверска страна. 10MP селфи камерата ќе ви ги креира најдобрите слики особено во текот на дента, која може да ви биде одличен соработник за работата доколку ви е потребен за видео повици со вашите соработници. Квалитетот на видеото е одличен.

View mode ви овозможува да креирате слики со предната и задната камера истовремено, со цел сите блогери и контент креаторите да може да ја фатат реакцијата на самите себеси истовремено додека ги сликаат своите снимки и да го едитираат сето тоа заедно. Ова е неверојатна алатка што наоѓа примена кај многу професионалци низ светот, со оглед на тоа што бројот на блогери е огромен. 

 

Софтверско подобрување е Single Take mode, со што Samsung ви овозможува да направите многу слики и видеа, користејќи ги сите три камери истовремено. Ова е новиот slow-mo режим, а Single Take е корисен кога креирате слики со вашите непредвидливи миленици, со само еден клик на камера шот. 

Видеа може да снимате со 8K резолуција со 24 фрејмови во секунда за повеќе детали во кадарот, иако снимката ќе биде малку исечена за наш вкус. Покорисна би можела да биде 4K резолуцијата со 30 или 60fps опциите со FullHD со 30, 60 или slow motion во 240fps.

Батерија

Samsung го зголемил капацитетот на батеријата на S21+ на 4.800mAh од 4.500mAh кај S20+ , што во комбинација со енергетски поефикасниот процесор се надеваме дека тоа ќе значи дека S21+ има подобар век на траење на батеријата од својот претходник, иако и перформансите на батеријата на S20 + беа одлични претходно. Долготрајноста на батеријата е висок приоритет за Samsung, и мора да кажеме дека сме импресионирани од овој телефон, т.е. она што можеме да го извлечеме од само едно полнење. При тестирањето утврдивме дека со нормална употреба може да трае и до 48 часа.

Хардвер

Samsung Exynos 2100 процесорот важи за серијата што се испорачува надвор од САД, но сега е многу подобрен во споредба со претходните модели. Моќноста на Exynos доаѓа до израз сега со S21 серијата, која може да се мери и со моќноста на Snapdragon, додека порано разликата беше голема. Телефонот ќе го осетите многу подобро и полесно функционира во споредба со претходниците. Неговата RAM меморија изнесува 8GB, додека внатрешната меморија 128GB, што преку microSD картичка може да се зголеми и до 256GB.

Galaxy S21 поседува 5G технологија, така што кога ќе биде приклучени на истата ќе може да го користиме брзиот интернет. Сепак телефонот го имаме достапно во 4G и 5G верзија.

Софтвер

Galaxy S21+ располага со Android 11 и Samsung One UI 3.1 кориснички интерфејс, двете големи промени што ги има во Google feed и Google Messages за испраќање на SMS пораки наместо Samsung апликациите за размена на пораки. Интересно е тоа што Samsung апликацијата за размена на пораки е исто така присутна на телефонот, но не е поставена како дифолт и не е на почетниот екран. 

Дали да купите Samsung Galaxy S21+ ?

Galaxy S21+ вреди ако сакате поголем дисплеј од класичниот S21, кој со својот 6.7-инчен дисплеј е дефинитивно поголем од 6.2-инчениот екран на S21. 

Galaxy S21+ вреди ако сакате нов моќен Android смартфон, со моќни перформанси, за пониска цена од најмоќниот и поскапиот модел, со многу RAM меморија и внатрешна меморија и со моќен процесор.

Galaxy S21+ вреди уште повеќе доколку имате Galaxy S10 или Galaxy S9, затоа што S21+ ќе ви биде тотално нов уред. Брз е, моќен е, и имате 5G поддршка за брз интернет.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.