Ознаките за IP-водоотпорност: Која цифра, што означува

Објавено на 22.03.2021 11:11 во Рецензија


Ознаките за IP-водоотпорност: Која цифра, што означува

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Водоотпорност и отпорност на прашина за повисока заштита на вашиот смартфон;

 

Negatives:



Целата рецензија

Сите производители се снабдуваат со сертификати за водоотпорност на нивните премиу модели на смартфони. Најчесто се спомнува сертификатот за отпорност на вода и прашина. Повеќето предводници што моментално може да се најдат на пазарот имаат ознака IP, но цифрите што следуваат се разликуваат, а токму тие броеви се клучни во случајот.

Ознаката IP67 може најчесто да се види на постарите уреди, додека новите уреди имаат IP68 ознака. Знаете ли што тоа точно значи? IP е меѓународна ознака што го дефинира степенот на заштита што конкретен уред го има од течности, прашина и контакт со други цврсти предмети. Означува колку лесно или тешко течности и прашина може да продре во внатрешноста на уредот. 

Првиот број што следува после IP, го означува степенот на заштита на уредот од прашина. Колку повисока е цифрата, толку побезбедни сте од прашина или песок на плажа, со цел да не влезат во уредот и да не направат оштетување. Најчесто тука се наоѓа цифрата 5 или 6. 5 означува заштита во нормални услови, а 6 означува целосна заштита од продирање на прашина во внатрешноста.

Вториот број означува колку е водоотпорен уредот, односно отпорен на течности. Повеќето достапни уреди денес се отпорни на капки, дожд или снегулки, што значи дека може да го користите и додека се движите на дожд. Ако сакате да проверите дали вашиот уред ќе преживее со полевање на вода или пад во вода, мора да побарате повисоки цифри. Бројот 5 означува заштита од млаз на вода од 6,3мм од било која насока, а 6 означува заштита од силен млаз од 12,5мм од било која насока.

За оние што сакаат нивниот телефон да ги преживее сите услови, па дури и пад од кадата или WC, ознаката мора да биде 7 или повисока. Тоа значи дека водата нема да продре во внатрешноста, ако уредот е потопен под вода до 1 метар длабочина одредено време. Уредите со ознака 8 може да издржат потопување и подлабоко од 1 метар, но со предупредување дека ниту еден уред не е 100% водоотпорен.

За тоа би требало да имате ознака 9, односно да бидете херметички запечатен. Со оглед на тоа што смартфоните на себе имаат отвори за полнење на уредот, отворот што го крие микрофонот и звучникот, ниту еден смартфон моментално нема таква ознака. Но, постојат телефони што се направени за користење во екстремни услови. Ако сакате таков телефон, препорачуваме да обрнете внимание на IP ознаката при купување и да побарате што е можно повисок број.

Мора да ве предупредиме дека и покрај тоа што имаат иста IP ознака, сите смартфони немаат еднаков степен на издржливост. На пример, Samsung Galaxy S21 Plus и iPhone 12 Pro имаат иста ознака IP68, но производителите имаат различни објаснувања. Samsung наведува дека неговиот уред може да издржи до половина час на длабочина до 1,5 метар, додека Apple истакнува дека може да го нурнете нивниот уред до 6 метри длабочина во рок од половина час. Во превод, ако таквиот уред ви падне во када или плитка вода, веднаш извадете го надвор, и големи се шансите да продолжи нормално да работи и без сушење со фен.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.