Големи измами со криптовалути, ниту Македонија не е одбегната

Објавено на 23.03.2021 16:25 во Рецензија


Големи измами со криптовалути, ниту Македонија не е одбегната

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Неколку големи скандали избија на површина во изминатиот период со измами на корисници кои биле излажани дека вложуваат средства во платформи за менаџирање со криптовалути при што им биле ветувани огромни каматни стапки за вложените пари, како и „копање“ на популарни крипто-валути како Bitcoin или Ethereum.

Се појавија и првите информации за наводно голема измамничка шема во која се оштетени и македонски граѓани. MINAReport откри информации за извесна Соња Минчева, со државјанство во Велика Британија, а со потекло од Скопје. Според нивните информации вкупната сума на проневерени пари од инвеститорите изнесува 7 милиони долари.

Минчева со нејзините партнери до Србија ја раководи компанијата Delta Crypto Invest која наводно оперира како лажна крипто организација која за сметка на своите клиенти тргува со валути како што Bitcoin или Ethereum. На инвеститорите им нуделе каматни стапки на месечно ниво од 12%, но по одреден период воопшто не платиле никаква заработка за тие кои вложиле пари. 

Според информациите на MINAReport досега биле измамени илјадници граѓани од Македонија, Србија, Бугарија, Хрватска, Босна, Чешка, Канада и САД. MINAReport објави и слика од извод на префрлени пари преку Western Union од наводно измамен инвеститор кој платил 2700 евра на име на посочената Соња Минчева. 

Веб сајтот на оваа компанија и натаму е активен, а според проверката за податоците на доменот може да се забележи дека е регистриран во Торонто преку компанијата за регистрирање на домени Tucows Domains, но податоците за името на регистрантот и сопственикот се скриени поради заштита на приватноста. Доменот истекува на 14 ноември, а бил прв пат регистриран во 2018 година. 

Оперираат уште со два веб сајтови https://deltafasttrack.com/ и https://deltadiamondmatrix.com/ кои практично ги содржат истите информации како и Delta Crypto Invest, односно дека нивната цел е да донесат модерни технологии на трговија и управување со средства во крипто-индустријата.

Во делот на веб сајтовите нема наведено никакви информации за менаџментот на компанијата, кој го сочинува тимот на експерти, а не може да се најдат ниту податоци како e-mail адреса, мобилен телефон или седиште на фирмата. Во делот за контакт корисниците може само да се регистрираат со нивната e-mail адреса и да ја остават својата порака доколку сакаат да искомуницираат со компанијата.

MINAReport исто така известува дека е започната истрага од полициските служби САД, Велика Британија и земјите од ЕУ.

Доколку овие тврдења се вистинити со истражни дејствија ќе треба да се занимаваат и македонските полициски органи и истражните органи. 

Информации за пирамидална измама објавува и рускиот блог forex-brokers.pro и ги предупредуваат нивните корисници да не вложуваат средства во платформата на Delta Crypto Invest и Delta Fast Track.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар