Со Google повеќе нема да ви треба клучот од колата и возачката дозвола
Наши забелешки
Positives:
Negatives:
Google има амбициозен план да ги замени класичните клучеви од кола и возачката дозвола без кои ниту еден возач не го напушта домот.
Наместо да носите со вас клучеви и документи, Google предвидува дека наскоро ќе ви биде потребен само вашиот Android телефон каде ќе бидат сместени дигитално сите секојдневни предмети.
Дали вашиот смартфон ќе биде вредна мета за крадци?
Замислете дека вашиот автомобил може да го отклучите и стартувате само со допир на вашиот Android смартфон. Дали во тој случај многу би се зголемиле уличните пљачки на телефони бидејќи крадците на тој начин освен што би го украле вашиот смартфон, исто така би добиле пристап до автомобилот кој многу полесно би го украле.
Помислата навистина звучи застрашувачка, но од Google велат дека имаат соодветни механизми кои ќе спречат неавторизирана употреба на смартфонот како клуч за автомобилот.
Идејата на Google е системот за дигитален клуч за возилото и личната документација да бидат сместени на посебен систем од телефонскиот систем на Android.
Софтверот ќе се нерекува Android Ready Secure Element Alliance при што хардвердките одобрувања за автомобилот ќе бидат сместени во посебен карантин надвор од оперативниот примарен систем на смартфонот.
Идејата е дека производителите на телефони ќе можат да купат „Android Ready SE“ од продавачи на безбедни елементи како NXP, Thales, STMicroelectronics, Giesecke + Devrient и Kigen, а Google вели дека овие продавачи на SE се „придружуваат на напорите на Google за да создадат збир на SE Applelet со отворен извор, потврдени и подготвени за употреба “.
Со овој нов напор за стандардизација на SE, Google сака да поддржи „дигитални клучеви“ за вашиот автомобил, дом и канцеларија; дигитални возачки дозволи; дигитални лични карти; електронски пасоши; и вообичаените плаќања со допир на телефонот, односно бесконтактно плаќање на NFC терминали.
Google исто така посочи дека дека оваа иницијатива не е наменета само за телефони и таблети туку и за смарт часовници, алки и фитнес тракери, па дури и смарт Android телевизори.