Crash 4 кракната за само еден ден, без онлајн содржина

Објавено на 29.03.2021 15:29 во Рецензија


Crash 4 кракната за само еден ден, без онлајн содржина

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Activision викендов повторно ја лансираше хит играта Crash Bandicoot: It's About Time преку гејм ланчерот Blizzard.net, но истата по само еден ден веднаш беше кракната.

Crash 4 за прв пат е достапна за PC, па така тие што сакаат да ја играат на десктоп или лаптоп мораа да креираат корисничка сметка на Blizzard, и што е уште поинтересно за да ја активираат играта мораа да имаат постојана интернет конекција.

Краширање на концептот на Activision

Нема ништо спорно некоја игра да биде исклучиво онлајн, такви модели има премногу и добар дел од нив се успешни. Сепак, неразбирливо е зошто за активирање на Crash 4 ви е потребна интернет конекција.

Crash Bandicoot 4: It's About Time нема никакви функции која се онлајн, нема мултиплеер, нема табели со резултати, ниту било каква дополнителна содржина која играта би ја направила само за онлајн употреба.

Гејмерската заедница веднаш реагираше и преку Empress беше лансиран крај кој на играчите им овозможува да ја активираат Crash 4 и без притоа да имаат потреба од постојана интернет конекција. Играта е пред се замислена како авантура за еден играч и затоа овој крак ќе биде од голема корист.

Главната причина за повторното лансирање на Crash Bandicoot 4: It's About Time е бидејќи играта е обновена со подобри перформанси за најновите гејмерски конзоли како PlayStation 5 и XBox X, а има и нова верзија за Nintendo Switch, како и погоре споменатата PC верзија.

Crash 4 и натаму е видео игра која е идеална за гејмерски конзоли. Може дете родител да ја играат заедно на локална конекција, како и да се приклучат до четири играчи еден наспроти друг во versus режимот на играње, и за тоа секако не е потребен онлајн сервис како Blizzard.

Секако, ако сакате истите функции да ги имате и на PC тогаш ќе мора да одите преку сервисот на Blizzard. 

Друг проблем кој се појави е што многумина од играчите воопшто и не можеа да ја активираат Crash 4 поради багови со логирањето на Blizzard сервисот. 

Blizzard и натаму има проблем со дигиталните токени кои потврдуваат дека играчот легитимно ја купил посакуваната игра на неговата корисничка сметка и затоа при офлајн активирање има бројни проблеми и кочења.

Засега ова се главните предизвици кои Activision мора итно да ги реши.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар