Дали NFT како тренд ќе се задржи или ќе биде балон што ќе испука

Објавено на 05.04.2021 12:00 во Рецензија


Дали NFT како тренд ќе се задржи или ќе биде балон што ќе испука

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Огромен потенцијал на NFT како дигитална уметност;

 

Negatives:



Целата рецензија

Дали NFT (non-fungible tokens, т.е. незаменливи токени) е само минлив интернет тренд, потенцијален балон што ќе испука и ќе направи безвредни милиони долари што се вложуваат во него или во иднина ќе купуваме се повеќе дигитални производи и ќе ги поседуваме на овој начин? Одговорот, се разбира, се уште не го знаеме, а мислењата на експертите се различни.

 

Повеќето стручни лица се согласуваат дека не станува збор за минлив тренд, туку за стандард прилагоден кон дигиталните времиња во кои живееме. За оние што не знаат, NFT претставува дигитален имот, чија сопственост се потврдува со блокчејн технологија. Збунувачки за луѓето и нејасно е фактот што некоја фотографија, некое видео или спортски спомен или сувенир, што се продава како NFT, може еднсотавно бесплатно да се преземе на компјутер или мобилни уреди, а повторно некои за такви дигитални вештачки нешта, плаќа дебело и високи суми на пари. 

На пример, дигиталниот уметник Beeple, својата најпозната работа ја продал за над 69 милиони долари, станува збор за колаж на неговата работа, за која некој платил толку голема сума, а вие истиот колаж може бесплатно да го снимате на своите уреди. Разликата е во тоа што лицето што платило речиси 70 милиони долари, ќе добие сертификат дека тоа е вистинскиот сопственик на оригиналот што го продал Beeple, што се потврдува со блокчејн.

NFT стана толку популарен што по пат на посебни платформи денес се продава во твитови, новинарски артикли, музика, интерактивни дигитални картички за колекционери, па дури и дигитални куќи што мора да ги платите повеќе од вистинските куќи, но во нив не можете да живеете, туку можете да ги разгледувате во виртуелниот свет на вашиот компјутер. Притоа имате потврда дека тоа е вашата дигитална куќа. Еден од критичарите на таквиот тренд и NFT е познатиот комичар Џон Клиз, кој на својот iPad нацртал мост и го продава како NFT, го ставил на аукција, а лицето што плаќа над 69 милиони долари, ќе го добие оригиналот на тој мост.

Клиз со својот потег се обидел да укаже на бесмисленоста на продавањето на нештата во дигиталниот свет, а Кени Холд од Ad Week во својата колумна се обиде да ја објасни другата страна на паричката и зошто NFT не е само минлив тренд, туку тренд што ќе се задржи. Своето размислување го објасни на пример на NBA Top Shot, платформата преку која се продаваат кратки видеа, односно моменти со натпревари на американската кошаркарска лига. Таквите моменти, се разбира, можете бесплатно да ги прегледате на интернет и да ги преземете на компјутерот, но може да ги купите преку Top Shot и за одреден износ, па така станувате негови сопственции. Во некои случаи може износот да достигне и неверојатни 200 илјади долари.

Во ваквите случаи Gold става нагласок на поврзувањето на корисниците и креирањето на различните заедници што се собираат во дигиталниот свет. Колекционерите на традиционалните спортски картички можеле да ги покажуваат досега на мал број на луѓе со коишто комуницираат во живо, но во дигиталниот свет нема ограда и своите колекции може да ги покажете и да им се пофалите на сите. Тоа може да се каже и на сите останати колекционери. Колекционерството, поврзувањето во заедниците, а во случајов и NBA Top Shot и поддршката на омилените клубови, се само некои од причините поради кои лудницата околу NFT и дигиталното колекционерство би можела да продолжи во иднина, оти на корисниците им овозможува дополнутелна вредност, слична како и кај класичното колекционерство.

Се разбира, прашањето е дали луѓето во иднина ќе плаќаат милиони долари за обичен твит или дигитални куќи или со текот на времето, пазарот сепак ќе се нормализира и ќе се фокусира на конкретни нешта: продавање на музика, дигитална уметност, спортски сувенири, итн.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.