Huawei FreeBuds 4i - Супериорни безжични слушалки за екстра цена

Објавено на 08.04.2021 08:17 во Рецензија


Huawei FreeBuds 4i - Супериорни безжични слушалки за екстра цена

Оцени

usability
9.0


Перформанси
8.5


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
9.4


Наши забелешки

Positives:

 

- Одлична цена

- Активно блокирање на бучава (ANC)

- Издржлива батерија

 

Negatives:



Целата рецензија

Предноста на безжичните слушалки се повеќе се истакнува со потребата од активен животен стил каде корисниците не сакаат да се оптоваруваат со кабли, полначи и непотребни додатоци. Во премиум сегментот повеќе брендови настапија со доста високи цени кои за опрема како слушалки се навистина огромни. Сепак, тоа не е правило за Huawei каде секогаш потребите на корисникот се на прво место. Според добро познатата формула на премиум карактеристики и прифатлива пазарна цена, Huawei на македонскиот пазар ги лансираше и најновите безжични слушалки Huawei FreeBuds 4i кои ќе се продаваат по атрактивна промотивна цена од само 4.499 денари.

Huawei FreeBuds 4i се засега единствен модел на безжични слушалки во високата класа со Active Noise Cancellation за цена под 100 евра што навистина е импресивно достигнување. Huawei FreeBuds 4i се компатибилни со секаков вид на смартфони, односно покрај уредите на Huawei преку Bluetooth 5.2 ефикасниот стандард може да ги поврзете со било кој смартфон. Исто така за поголема контрола од самиот мобилен уред кој го користите може да ја инсталирате Huawei AI Life како придружна апликација.

Први впечатоци

Тимот на telefoni.mk имаше можност во текот на една недела да ги тестира можностите на Huawei FreeBuds 4i и да се увери во нивниот потенцијал. Првиот впечаток е дека Huawei FreeBuds 4i се слушалки кои припаѓаат на високата класа со нивниот дизајн и квалитетни материјали на изработка. Ергономичноста на „гравчето“ на слушалката овозможува долготрајна употреба од повеќе часови на слушање музика или подолги телефонски или онлајн повици. Можевме да се увериме во стабилноста на Huawei FreeBuds 4i кои лесно се прицврстуваат и не паѓаат од ушната шуплина. Така и при физички активности како џогирање или вежбање ќе немате грижи дека ќе ви паднат по пат или пак дека ќе ги изгубите.

Дизајн на модерен и функционален аксесоар

Huawei FreeBuds 4i нудат одличен стилски израз без оглед која боја ќе ја одберете. Ние ја тестиравме керамички белата боја која изгледа атрактивно, едноставно и елегантно. Huawei FreeBuds 4i тежат само 5 грама што ги прави многу лесни, удобни и практични.

Во пакувањето се вклучени и три дополнителни врвови изработени од силикон, па ако стандардната големина на самите слушалки не ви одговара, со некоја од овие три големини сигурно ќе ја најдете идеалната комбинација за удобно сместување во вашите уши.

Управување и квалитет на звук

Како што наведовме најголемиот адут на Huawei FreeBuds 4i е опцијата за активно блокирање на надворешна бучава. Така додека користите ANC целосно ќе се блокираат надворешните звуци и ќе може да се фокусирате исклучиво на песните кои ги слушате. Блокада на бучава може да користите и додека воспоставувате телефонски или интернет повици. Слушалките се опремени со два микрофона па така вашиот тон ќе биде совршено чист и прецизен, а вашите соговорници без никакви проблеми или пречки ќе може да слушнат што им говорите.

Huawei Free Buds 4i имаат два вида на контроли на допир. Со долго стискање на стеблото на слушалката може да одберете помеѓу режимот на активно блокирање на бучавата или пак да го користите awareness режимот на работа. На пример ако возите велосипед или пешачите многу подобро е да ги користите режимот за свесност со цел да ги слушате звуците од сообраќајот и да бидете безбедни.

Издржливост на батерија

Huawei FreeBuds 4i може да издржат со едно полнење 22 часа. За непрестано слушање на музика на располагање имате нешто над 10 часа работа, додека пак со активиран ANC капацитетот на батеријата од 55 mAh е доволен за околу 8 часа слушање музика или телефонски повици.

Huawei FreeBuds 4i се полнат во самото лежиште преку поврзување со USB Type C конектор на полнач. Самото куќиште и слушалките се полнат прилично брзо.

Финални забелешки

Huawei FreeBuds 4i обезбедуваат прецизни тонови при слушање и на најгласно ниво на музика, одлични се за апликации за стриминг на песни како Spotify, а исто така аудио квалитетот е непогрешлив и при воспоставување на повици. Како елегатно решение во високата класа со цената која е актуелна и достапна, сметаме дека Huawei FreeBuds 4i се одличен и вистински избор за секој активен корисник.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар