Tesla заработи повеќе со биткоин, отколку со вкупна продажба во 2020 година

Објавено на 17.04.2021 13:19 во Рецензија


Tesla заработи повеќе со биткоин, отколку со вкупна продажба во 2020 година

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Tesla Motors ги чува своите биткоини, компанијата е свесна дека во иднина ќе порасне;

 

Negatives:



Целата рецензија

Се проценува дека Tesla во јануари со 1,5 милијарди долари од сопствените резерви купила околу 48.000 биткоини, кога цената на таа криптовалута била од 20 до 30 илјади долари. Неделава цената на биткоин достигна рекорд од 63.863 долари, а во тој момент Tesla имала над 3 милијарди долари во своето крипто портфолио. 

Моменталната цена на биткоини се движи од 60 до 61 илјада долари. Кога ја објавиле веста од Tesla во февруари за вложувањето во биткоин, вредноста на таа криптовалута скокна за само неколку минути до 14%.Интересен е податокот што Tesla со вложувањето во биткоин од јануари до денес заработи повеќе отколку со продажбата на своите возила во цела 2020 година. 

Во меѓувреме Tesla Motors ја зголеми својата залиха на биткоини откако шефот на Tesla, Илон Маск, во март на Twitter објави дека неговите возила може да се купат директно со биткоин. Тогаш порача дека така стекнатиот биткоин ќе остане во облик на криптовалута и нема да ги претвара во стандардни пари. Ваквиот пристап на една од најголемите светски компании би можел да доведе до уште поголем пораст на цената на таа криптовалута врз основа на понуда и побарувачка.

Кога пред 12 години бил создаден биткоинот, дефиниран бил и точниот број на биткоини што може да се направи - 21 милион токени, што значи дека ако прифаќањето на таа криптовалута се повеќе се проширува, поради голема побарувачка и ограничена понуда, неговата цена уште ќе расте. Експертите сметаат дека такво нешто би можело да се случи, оти потегот на Tesla е дека биткоин има огромен потенцијал. Тој е тука, за да остане.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.