Моментите кога Стив Џобс го исклучувал својот телефон, бил клучниот момент за Apple

Објавено на 19.04.2021 11:22 во Рецензија


Моментите кога Стив Џобс го исклучувал својот телефон, бил клучниот момент за Apple

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Стив Џобс знаел што да прави за Apple да стане една од најголемите компании во светот;

 

Negatives:

- Стив Џобс имал агресивен карактер;



Целата рецензија

Објавени се многу книги досега за Стив Џобс и напишани се многу текстови во кои се опишува неговиот карактер и особини на лидер. Благодарение на овој работохоличар, Apple стана една од најпознатите и најуспешните светски компании. Тој се грижеше и за најмалите детали на своите производи, со цел да бидат совршени според неговите стандарди. 

Се разбира, со неговото име не се поврзуваат само позитивните приказни. Вработените во компанијата често зборуваат за неговиот агресивен карактер и како се тресел кога им зборувал. Мислиме дека веќе се знаеме за него, но повремено се појавуваат нови информации и детали од неговиот живот. Една од досега непознатите приказни за неговиот живот ги објави неговата поранешна асистентка Наз Бехешти во неодамна објавената книга „Паузирај. Диши. Одбери: Стани извршен директор од сопсвената благосостојба“. 

Во книгата таа пишувала за времето кога Џобс знаел да ги брани своите ставови и сите вработени добро знаеле што прави Џобс кога ќе се повлече и кога во ретки моменти го исклучувал својот iPhone. Тогаш Џобс им се посветувал на „своите играчки“, вели Бехешти. Тоа не биле вистински играчки, туку прототипови на новите Apple уреди. Џобс би се повлекол во канцеларијата на тогашниот главен дизајнер на Apple, Џони Ајв, кој би му ги покажувал новите идеи и прототипови на потенцијалните уреди и така шефот на Apple ќе го исклучи својот телефон со цел во тие моменти никој да не му пречи. Тоа биле клучните моменти за неговиот успех како иноватор, смета Бехешти.

Заедничкото време го поминувал во истата просторија со своите колеги, разговори во живо за нови идеи и иновации, кои се покажале како исклучително важни во развојот на Apple производите. Со оглед на тоа што начинот на работа се менува и нагласокот на коронавирусот е ставен на работа од дома, наместо од канцеларија, прашањето е дали тоа ќе пречи на иновативноста на компанијата.

Вработените на некои компании, кога зборувале за работа од дома и виртуелни состаноци, предупредувале дека најчесто најдобрите идеи за нови производи се создаваат точно за време на неофицијалните разговори на паузи или покрај кафематот. Со работа од дома, таквите разговори веќе ќе ги нема.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.