VW ID.6: Германскиот џин продолжува со револуционерните електрични автомобили

Објавено на 20.04.2021 10:20 во Рецензија


VW ID.6: Германскиот џин продолжува со револуционерните електрични автомобили

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Намалување на загадувањето на воздухот;
- Зголемени иновации кај електричните возила;
- Забрзува до 100км/час за 6,6 секунди;
- Батерија со опсег од 430 до 584 км;
- Дигитален асистент Hello ID;
- 12 инчен дисплеј на допир во внатрешноста;
- Travel Assist за активација на компјутерот со самостојно возење;

 

Negatives:

- Истите батерии како и кај ID.3 и ID.4;



Целата рецензија

После ID.3 моделот, за кој VW се надева дека во светот на електрични автомобили би можел да биде она што е Golf кај бензинците и дизел автомобилите, сега е моделот ID.4, кој привлече уште поголемо внимание, затоа што е во SUV категоријата. Германскиот автомобилски гигант претстави уште едно електрично возило.

Модеот ID.6 се базира на платформата MEB и концептот ID.Roomzz изработен од 2019 година. На почетокот ќе биде наменет само за кинески пазар. Според димензиите, возилото е со слична големина на Touareg, што е еднакво на најголемото возило направено според MEB, во кое што има места за седум патници.

VW претстави две негови верзии: ID.6 Crozz со опции за off-road возење и ID.6 X за оние што преферираат урбано возење. Автомобилите ќе ја имаат истата батерија како моделите ID.3 и ID.4 и ќе бидат достапни во две верзии: со батерии со моќност од 58kWh и 77kWh. Во понудата ќе ја има верзијата со погон на сите 4 тркала со над 300KS и ќе може да достигне 100 км/час за само 6,6 секунди.

Опсегот на новиот Volkswagen ќе биде од 430 до 584км, но стручни лица предупредуваат дека реално и нема да биде така како што е запишано на хартија. Се уште не се објавени информации за брзината на полнењето, што е многу важно, но се прогнозираат брзи полначи и максимална брзина на полнење до 125kW.

Внатре имате дисплеј на допир од 12 инчи, а автомобилот пристигнува и со дигиталниот асистент Hello ID така што со опциите во возилото може да се управува и со глас.

Возилото ќе има опција за Travel Assist со чија активација компјутерот во одредени ситуации ќе преземе контрола над управувањето со возилата, но рацете на возачот секогаш мора да бидат на воланот, додека концентрацијата целосно треба да биде посветена на патиштата, со цел возачот да преземе контрола кога тоа ќе биде неопходно.

VW ID.6 на почетокот ќе се појави само во автосалоните во Кина, а за неговото доаѓање на европскиот и на американскиот пазар се уште датата е непозната.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.