Топ 5 причини зошто Galaxy A серијата е најдобра за гејминг

Објавено на 27.04.2021 07:00 во Рецензија


Топ 5 причини зошто Galaxy A серијата е најдобра за гејминг

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Eye Comfort Shield заштита;
+ Брзина на освежување од 90Hz до 120Hz;
+ Голем капацитет на батерии, што траат до два дена благодарение на оптимизирањето со (AI Power Saving) вештачка интелигенција;
+ Game Booster 
+ Priority Mode режим за да се фокусирате само на играта;
+ Тридимензионален звук со помош на Dolby Atmos;
+ Огромна меморија што може да се дополни и со MicroSD картичка;

 

Negatives:



Целата рецензија

Новата Galaxy A серија на смартфони се полни со различни софтверски и хардверски предности, од навистина добрите камери, па се до одличните перформанси и опции за забава што ги прават идеални за избор за секој корисник. Со моќниот процесор, одличниот екран и долготрајната батерија, најновите Galaxy A52, A52 5G и A72 се „Awesome“ смартфони, како што се создадени за гејминг до доцните ноќни часови. Ова се пет главни причини зошто да ги купите овие модели со прифатливи цени што ги воодушевуваат и гејмерите.

1. Голем и моќен екран

Не е точно дека телефоните со помали екрани не се за игри, а доказ за тоа се Galaxy A52, A52 5G и A72, кои со својот Super AMOLED дисплеј и високи брзини на освежување, нема да ве остават рамнодушни. Galaxy A52 со брзината на освежување од 90Hz и Galaxy A52 5G и A72 со брзина на освежување од дури 120Hz овозможуваат многу лесно користење, што понекогаш само без врска ќе одите горе-долу низ менито и колку е тоа волшебно за вашите очи. Освен тоа што екранот е голем, па уживате максимално во гејминг, ниту неколку часови гејмање без престан нема да ви пречи на очите благодарение на Eye Comfort Shield заштитата.

2. Гејминг режим на работа

Сите знаеме колку се напорни сите известувања и пораки што не престануваат да присгинуваат, а понекогаш смартфоните може да ни ѕвонат во клучниот момент кога ќе победиме во рундата. Решението за овој проблем со новите Galaxy A смартфони доаѓа во облик на Priority Mode режим на работа, што ги блокира дојдовните повици и текстови со цел да може да се фокусирате на остварување резултати во игрите.

Game Booster функцијата за игри максимално ги искористува вашите перформанси, ја подобрува брзината на мрежата и меморијата, како и траењето на батеријата, така што ги исклучува сите апликации што не се неопходни за работа во текот на гејмингот. Game Booster доаѓа со наменски интерфејс и прифатливо мени, со цел полесно и поедноставно да ја подобрите својата игра.

3. Батерија и отпорност

Ако мразите да играте игри додека мобилниот ви е на полначот, и ако се плашите дека ќе ја потрошите батеријата за време на патувањето, здодевното предавање или во јавен превоз, немате потреба од грижи. Samsung Galaxy A52 и A52 5G имаат батерија со капацитет од 4,500mAh, додека Galaxy A72 има 5,000 mAh, кои траат по два дена и за време на интензивно користење. Една од причините како е тоа овозможено е специјалната AI Power Saving технологија, која во позадина внимава на моќноста на батеријата да се троши најоптимално со помош на вештачка интелигенција. Да, вашата батерија ви помага и не се троши за тоа што најмногу сакате да го правите, на тој начин што не троши за она што не ви треба.

4. Топ перформанси

Гејмерите знаат дека моќните перформанси се клуч за успехот во гејмингот, оти бавни машини не сака никој. Новите Galaxy A уреди имаат голем напредок во перформансите, благодарение на одличниот 8-јадрен процесор со дури 6GB RAM меморија. Овие смартфони имаат и голема меморија за податоци од 128GB, но ако тоа не е доволно, може да ја проширите и до 1TB простор со microSD картичка.

5. Стерео звучници

Кога нема никој во просторијата, сите гејмери знаат дека тоа е најдобриот момент за да го вклучите звукот до максимум и да уживате во сите слушни детали на видео игрите. Затоа, вклучете ги одличните стерео звучници со помош на Dolby Atmos технологијата за врвен, тридимензионачен осет на звук додека играте игри. Слушалки во тој случај не ви се потребни. 

Заклучок

Со новата Galaxy A серија на смартфони, се врти нов лист во гејмерската индустрија, така што не ви е нужно да поседувате гејминг конзола или скап компјутер, оти сега имате гејминг ѕверови со прифатливи цени. За повеќе информации за Galaxy A серијата на смартфони посетете ја веб страницата https://www.samsung.com/mk/smartphones/galaxy-a-series/ .

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.