Споредба на А-дивизијата на Samsung: Galaxy A02s | Galaxy A12 | Galaxy A32

Објавено на 05.05.2021 10:20 во Рецензија


Споредба на А-дивизијата на Samsung: Galaxy A02s | Galaxy A12 | Galaxy A32

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Екрани за пониска цена на A02s и A12, кои имаат IPS екрани, а A32 (4G) има SuperAMOLED;
+ Големи екрани кај сите тројца од 6.5 инчи;
+ Помалку пари, повеќе музика - топ перформанси;
+ Одлични камери;
+ Голема батерија што трае;
+ Сензори за отпечатоци на прсти;
+ Добар квалитет во снимањето со 30 фрејмови во секунда;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung Galaxy A серијата се збогати во последниве неколку години, затоа корисниците се збунуваат кога треба да изберат кој телефон да го купат, и покрај тоа што цената зборува сама за себе. Разликата во цени не варира многу кај овие модели, почнувајќи од Samsung Galaxy A02s (9.000 денари), продолжувајќи со Samsung Galaxy A12 (11.000 денари) и завршувајќи со Samsung Galaxy A32 (16.500), соодветно со нашава споредба, иако имаме уште помоќни модели од А-серијата со повисоки цени. Напоменуваме дека за пример го имаме Galaxy A32 4G моделот, кој е дефинитивно подобар од Galaxy A32 5G, се додека немаме 5G мрежа кај нас.


 
Големи екрани

Samsung Galaxy A02s, Galaxy A12 и Galaxy A32 имаат иста големина на екран од 6.5 инчи, што значи дека корисниците добиваат тука максимално искуство. Наменети се за млади и стари генерации, во зависност од тоа кој какви перформанси сака. Дисплејот е голема предност овде. Сите три модели имаат одличен и модерен дизајн, и дефинитивно ќе ви бидат допадливи. Неверојатно е тоа што може Samsung да направи со ниска класа на смартфони. 

Samsung Galaxy A02s и Galaxy A12 имаат 6.5 инчен PLS IPS екрани и тука производителот очигледно направил компромис за да добиете подобра цена, додека Galaxy A32 (4G) има SuperAMOLED дисплеј и 90Hz стапка на освежување. Доколку претходно имавте AMOLED екран ќе ја забележите разликата, но не е страшна болка, туку слатка цена. Добивате големи дисплеи и читањето ќе ви биде подобрено, а на YouTube може да гледате во повисока резолуција отколку што е екранот на телефонот, затоа што Google тоа го дозволува. 

Дизајн

Кога купуваме телефон, секогаш сакаме да ни биде убав, Galaxy A32 е токму тоа. Многу допадлив смартфон, кој со својот дизајн отскокнува од другите во својата серија, по тоа што задните камери се сместени секоја посебно во своја дупка, без да имаат „свој остров“, односно модуларна испакнатина наменета за сензорите на задната камера. И покрај тоа што задниот панел е изработен од пластика, толку е блескава, што нема шанси да не ви се допадне. Сензорот за отпечатоци на прсти кај A32 и Galaxy A02s се наоѓа од долната страна вграден во самиот дисплеј, кај А12 е странично сместен на рабовите на телефонот.


 
Перформанси

Samsung Galaxy A02s под хауба има 8-јадрен процесор со Cortex-A53 од 1.8 GHz од Qualcomm Snapdragon 450, додека Galaxy A12 има 8-јадрен процесор со 4x2.35 GHz Cortex-A53 & 4x1.8 GHz Cortex-A53 од Mediatek MT6765 Helio P35, а Galaxy A32 доаѓа со 8-јадрен процесор од 2x2.0 GHz Cortex-A76 & 6x2.0 GHz Cortex-A55 од Mediatek MT6853 Dimensity 720. 

Galaxy A02s има 3GB RAM + 32GB ROM меморија, Galaxy A12 е со 4GB + 64GB ROM меморија, и Galaxy A32 е со 4GB + 128GB ROM меморија. Сите три модели имаат доволно добри перформанси, со кои што може да им парираат на сите други брендови со поскапи и поевтини смартфони. Сепак, кога ќе купите Samsung смартфон, веќе знаете дека имате уред што ќе ве задоволи и ќе имате потпис од реномиран бренд со долгогодишна традиција.

Доколку сакате да знаете кој модел е побрз, резултатите од бенчмарк тестовите се следните: Galaxy A02s има 130 поени со едно јадро, 490 поени со сите јадра, Galaxy A12 има 168 поени со едно јадро, а 985 поени со сите јадра и Galaxy A32 има 492 поена со едно јадро и 1597 поени со сите јадра. 

Камера

Samsung Galaxy A02s се состои од тројна задна камера од 13MP + 2MP + 2MP и селфи камера од 5MP (f/2.2), Galaxy A12 има четворна задна камера од 48MP + 5MP + 2MP + 2MP и селфи камера од 8MP (f/2.2), а пак Galaxy A32 е има малку подобрена четворна камера со 48MP + 8MP + 5MP + 5MP и значително подобрена предна камера од 13MP (f/2.2). 

- Samsung Galaxy A02 може да снима Full HD видео записи со 30 фрејмови во секунда. Под камерата има LED блиц. 

Телефони.мк снимаше кратко видео со камерата на Galaxy A02:

- Главната камера на Galaxy A12 е со 48MP и отвор на блендата од f/2.0 со автофокус, додека ултрашироката резолуција од 5MP има отвор од f/2.2 и агол од 123 степени. Предната и задната камера снимаат со резолуција од 1080 пиксели со 30 фрејмови во секунда, што е доволно за овој ценовен ранг на смартфон. 

Телефони.мк снимаше кратко видео со камерата на Galaxy A12:

- Селфи камерата кај Galaxy A32 е моќна со оглед на тоа што е со 20 мегапиксели и отвор на бленда од f/2.2. Имате многу режими за разубавување и вградени филтри. За видео комуникација, ова е повеќе од доволно, дефинитивно ќе имате одлична комуникација и соговорниците ќе гледаат во квалитетно видео стриминг. 

Телефони.мк снимаше кратко видео со камерата на Galaxy A32:

 

Софтвер и батерија

Сите три модели пристигнуваат со Android 10 оперативен систем и батерија од 5000mAh, што е доволна за два дена активно користење. Android 10 е оперативниот систем, преслечен во препознатливиот Samsung OneUI кориснички интерфејс, верзија 2.5 кај Galaxy A12. Уредот е со февруарското софтверско ажурирање во моментот кога го купувате, но очекувајте надградба следниот период. Galaxy A32 e со Android 11 оперативен систем и One UI 3.1 кориснички интерфејс. Има многу подобрувања со најновиот UI.

Galaxy A02s исто како A12 го поседува Android 10 и Samsung One UI 2.5 кориснички интерфејс, за кого се очекува да пристигне годинава и Android 11 за него. Како и да е, овој уред е на списокот со софтверска безбедносна надградба за следните 4 години. 

- Galaxy A32 има поддршка за 15-ватно брзо полнење, кој го полни уредот од 0 до 100% за само 2 часа, но само ако користите полнач од друг уред со 18 вати. 

- Galaxy A12 има исто така 15-ватно брзо полнење, при што полнењето со неговиот оригинален полнач се одвива до 2 часа.

- И Galaxy A02s располага со 15-ватно брзо полнење (QuickCharge 2.0), за кого се потребни 2.5 часа да се наполни целосно до 100%, или половина час за да се наполни до 30%.

Заклучок

Не е тешка одлука да се донесе кој уред да се одбере, затоа што во неколку точки сите три телефони се исти, но A12 и A32 имаат други предности, што пак ги нема A02. Како што пишавме погоре, цените на моделите варираат од 9.000 денари, па 12.000 денари, се до 16.500 денари, соодветно за моделот.

Доколку сакате да го купите најдобриот од тројцата, тогаш Galaxy A32 е за вас, доколку сакате нешто подобро, ама да не е најевтиното, тогаш Galaxy A12 е за вас... или пак, ако сакате да поминете најлесно со цената, сакате добар уред за лесна секојдневна употреба, тогаш не размислувајте многу за да го земете Galaxy А02.

Што мислите за овие тројца претставници од А-дивизијата на Samsung?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.