Објавени мејловите со кои што Epic Games му прогласи војна на Apple

Објавено на 19.05.2021 11:38 во Рецензија


Објавени мејловите со кои што Epic Games му прогласи војна на Apple

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Epic Games е толку моќен што го натера Sony да изврши драстични промени;

 

Negatives:

- App Store има високи маржи и не ја објавува заработката од онлајн продавницата;
 



Целата рецензија

Почна судењето во процесот во кој Epic Games, компанијата позната по играта Fortnite, го тужеше Apple за монопол, што некои медиуми го нарекоа судењето на векот. Проблемот е тоа што Epic не сака сите плаќања да одат преку Apple системот за наплата - од купување на апликации внатре во самиот App Store, па се до сите трансакции во внатрешноста на апликациите и игрите. Се разбира, од Apple не сакаат да слушнат за тоа, затоа што им носи голем профит.

Првата недела од судската расрава била исклучително интересна и повиканите сведоци открија некои тајни на технолошката и гејмерската индустрија. Судењето продолжува до крајот на неделава и ќе биде интересно да се следат новите сведоци и какви информации ќе кажат тие пред судијката Ивон Гонзалес Роџерс, која што го води случајот.

Една од најинтересните информации не се однесува на Apple или Epic Games, туку на Microsoft. Зборувајќи за нивната гејмерска конзола, потпретседателката на одделот за развој на Xbox, Лори Рајт, вели дека после две децении, Xbox и понатаму не е профитабилен. Дали Microsoft досега оствари профит со продажба на конзолата Xbox? „Не“, одговорила на судењето. Додека не заработуваат од продажбата на самиот хардвер, приходите се остваруваат со продажба од игрите, додатоците како gamepad и продажбата за претплата на сервисите како што се Xbox Game Pass.

Исто така, дознавме и дека Apple остварува неверојатни маржи во App Store. Експертот за тој пазар, Нед Барнс, кој бил повикан од Epic Games, вели дека продажната мрежа на Apple за фискалните години на 2018 и 2019 година, изнесувала речиси 80%. Еден од главните аргументи на Epic во оваа тужба е токму во фактот што Apple во App Store остварува голема оперативна маржа, па не сака да дозволи алтернативни продавници за апликации и системи за наплата за iPhone и iPad, затоа што со тоа би изгубиле многу пари. Се разбира, од Apple ги демантирале информациите за 80% маржи. Тие велат дека податоците што ги објавил Барнс се неточни, но официјалните податоци за заработката од App Store сепак не сакале да ги споделат со јавноста.

Трета работа што ова судење го открива е цифрата што Epic Games ја заработува благодарение на Fortnite. Во текот на 2018 и 2019 година се остварени над 9 милијарди долари приходи, додека минатата година цифрата е 5 милијарди долари. 

Судењето ни открива и начинот на кој почнала војната меѓу Epic и Apple. Извршниот директор на Epic Games, Тим Свини, на 13 август, во 02:00 часот наутро испратил мејл до првиот човек на Apple, Тим Кук, во кој напишал дека Epic Games веќе нема да се придржува до ограничувањата во App Store, поврзано со системот за наплата и дека лансираат сопствен систем за наплата во верзијата Fortnite за iOS. Apple набрзо одговорил на тој потег исфрлајќи го Fortnite од App Store.

Петтата интересна работа поврзана со ова судење и Fortnite се однесува на успехот на игрите на PlayStation. Fortnite со текот на времето стана толку популарен, што дури и Sony мораше да промени некои свои долгогодишни правила и така на корисниците на плејката им овозможија да играат Fortnite со гејмери на други платформи. Fortnite е првата игра што гејмерите можеа заедно да ја играат на сите платформи.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.