Samsung Galaxy A72: „Awesome“ екран, „awesome“ камера и „awesome“ батерија

Објавено на 31.05.2021 15:48 во Рецензија


Samsung Galaxy A72: „Awesome“ екран, „awesome“ камера и „awesome“ батерија

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
9.9


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Неверојатен екран;
+ IP67 сертификат за вода и прашина;
+ USB C;
+ Два сензора со OIS стабилизација;
+ Батерија од 5000mAh;
+ Голем SuperAMOLED дисплеј од 6.7″, FHD+ резолуција и 90Hz освежување;
+ Двоклик на Power копчето за брзо вклучување на камерата;
+ Одлична камера со можност за снимање на 4К видеа;
+ Одлично изработен кориснички интерфес;
+ Добар хардвер за играње игри;
+ Долготрајна батерија;
+ Брзо полнење;
+ Добра цена;

 

Negatives:



Целата рецензија

Samsung заврши одлична работа со новата Galaxy A серија, опремувајќи ја со одлични екрани, оптички стабилизирани камери, моќни батерии и водоотпорни куќишта.

Дизајн и „awesome“ екран

Ако не сте ја гледале Awesome рекламата за Galaxy A серијата, можете овде да ја видите одозгора во прилог. Galaxy A52 и A72 се момци со практично идентичен awesome дизајн. Galaxy A72 доаѓа со поликарбонатно куќиште со мат завршна изработка и IP67 сертификат што гарантира дека нема да влезат течности и прашина внатре. A72 е поголем од A52 и располага со 6.7″ екран. 

На дисплејот има дупка за селфи камерата и звучник од горната предна страна, кој обезбедува добро стерео искуство. Рамките на екранот не се многу дебели, туку се доволни за да се сместат неверојатните сензори за камерата. Читачот за отпечатоци на прсти е под екранот и би можел да биде нешто побрз и поголем. Со брз двоклик се активира камерата на Power типката, со цел да не го пропуштите моментот.

Од горната страна A72 има секундарен микрофотн и влез за две SIM картички или една SIM и една microSD картичка. Од долната страна се USB C, главниот микрофон, главниот звучник и 3.5мм аудио џек. Модулот на камерата од задната страна е идентичен како оној на Galaxy A52, во кој има четири камери и LED блиц. IP67 сертификатот гарантира дека ќе преживее под вода до длабочина од 1.5 метри најмногу до 30 минути.

Galaxy A72 има одличен Super AMOLED дисплеј со FHD+ резолуција и 90Hz освежување. Има одличен приказ на бои и читлив е под агол и на отворено одлично се чита, додека во острината и не мора да се посомневате. 

Камера

Samsung Galaxy A72 располага со дури две OIS камери, од кои едната нуди вистински 3x оптички зум, за разлика од A52, кој има само една OIS камера. Ситуацијата е речиси идентична како A52, па така од предната страна има 32MP селфи камера со поддршка за 4K видео. На задната страна ќе биде камерата со 64MP f/1.8 со OIS и pixel binning технологија, има 12MP ултраширока камера, 5MP макро камера и сензорот за длабочина од A52 е заменет со 8MP телефото камера за 3x оптички зум со OIS стабилизација.

Интерфејсот на камерата е идентичен како кај A52, а со стандардните портретни, професионални и ноќни режими, нуди и професионални видеа, Single Shot за снимање на многу кадри со еден клик, па и AR цртање. Камерите на Galaxy A серијата никогаш не биле подобри и пофункционални. A72 снима одлични фотографии и солидни видеа. Фотките изобилуваат со детали, изразени бои и динамички распон. Ноќниот режим за вечерта е одличен. 

Улатрашироката камера добро ќе ви дојде кога нема место за повлекување, а 3x телефото камерата кога сакате нешто да доближите. Дигиталното оди се до 30x но на нешто употребливо, сметајте некаде до 10x. Како и обично, 1080p видеото при 30fps е подобро стабилизирано од 4K видеата, кој е побогат со детали. 

Софтвер

Android 11 софтверот е заменет со UI 3.1 корисничкиот интерфејс, кој изгледа преубаво, преполн е со функционалности, додека Samsung ветил и 3 години Android ажурирања и 4 години безбедносни закрпи. Прилагодувањето на изгледот на интерфејсот е поддржана со Теми, иконки и позадини. Има и Dark Mode, навигациски гестови и се што е потребно. Многу лесен е за користење и може да се заблагодариме на 90Hz освежувањето на екранот. 

Мултимедијата на Galaxy A72 изгледа одлично, па со тоа што екранот е раскошен и голем, нема да имате проблем за да гледате на големиот екран. Стерео звучниците се одлични, а имате и 3.4мм аудио џек и поддршка за FM Radio. Сите Google апликации Samsung ги дополнува со пакет од своите алатки. Ништо нема да ви недостасува.

Хардвер и батерија

Galaxy A72 под хауба има 8-нанометарски Snapdragon 720G процесор со 6GB RAM меморија и 128GB UFS 2.1 внатрешна меморија, со Adreno 618 графика. Има и влез за microSD картички ако не ги користите двете SIM картички. Во текот на тест гејмингот во игрите како што се PUBG, Asphalt и COD загревањето, ниту падот на перформансите не се забележливи, па така на овој телефон е лесно да си играте игри.

Читачот за отпечатоци на прсти под екранот фунционира доволно добро, за да можете да го отклучите екранот и за брзо време да завршите работа. Квалитетот на телефонските повици е одличен, а истото вреди и за GPS услугите. Интернетот со 4G брзините е одличен, а за 5G верзија на A72 најверојатно ќе почекаме уште некое време. 

Батеријата има капацитет од 5000 mAh, која се полни со 25W полнач што го добивате во пакет. Автономијата отприлика е колку кај A52, па така без проблем ќе го избуткате денот со над 7 часа вклучен екран со комбинирано користење. До 100% се полни околу час и половина, а за половина час оди нешто под 50%.

Проценка

Samsung Galaxy A72 6/128GB чини околу 25.000 денари на нашиот пазар, кој ви го нуди овој неверојатен екран, неверојатна камера и долготрајна автономија со батеријата, која се полни за брзо време. Имате OIS на две камери, а имате и 3x телефото камера во споредба со A52. Водоотпорен е, има стерео звучници и 3.5мм аудио џек за слушалки, додека ви се гарантира и 3-годишно ажурирање со Android. Како телефон од овој ценовен ранг, ова е одлична вест. Што велите, ве убедивме да го купите Samsung Galaxy A72?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.