Eco Rating е ставката што треба да се запази при следното купување на смартфон

Објавено на 30.05.2021 12:26 во Рецензија


Eco Rating е ставката што треба да се запази при следното купување на смартфон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

- Зачувување на околината преку оптимална алокација на ресурсите;

 

Negatives:



Целата рецензија

Петте водечки европски мобилни оператори ги здружиле силите и претставиле нова пан-индустриска Eco Rating шема, со цел да им помогнат на потрошувачите за идентификација и споредба на најиздржливите мобилни телефони и да ги поттикнат производителите на мобилни за намалување на влијанието во околината. 

Eco Rating иницијативата заеднички ја покренале Deutsche Telekom, Orange, Telefónica (која работи под брендовите O2 и Movistar), Telia Company и Vodafone, со цел на корисниците да им овозможат релевантни информации за влијание врз производите, употребата, транспортот и згрижувањето на мобилните телефони врз околината. Eco Rating им овозможува на операторите и корисниците детален увид во одржливиот рејтинг на мобилните уреди со цел да се поттикне побарувачката за електроника согледано преку цел животен циклус на уредите.

Со оваа иницијатива ќе се евалуираат низа нови мобилни телефони од 12 брендови: Bullitt Group (CAT & Motorola робусните телефони), Doro, HMD Global - Home of Nokia Phones, Huawei, MobiWire, Motorola / Lenovo, OnePlus, OPPO, Samsung Electronics, TCL / Alcatel, Xiaomi и ZTE. Вклучувањето на другите брендови се очекува во блиска иднина. Мобилните оператори од јуни 2021 година започнуваат со воведување на посебен Eco Rating систем за означување на продажните места во 24 европски држави.

После деталните евалуации, секој мобилен уред добива конечна Eco Rating оценка, која ќе ги означи неговите еколошки влијанија во текот на целиот животен циклус, при што највисока оценка ќе биде 100. Ознаката Eco Rating исто така ќе овозможи дополнителни информации и ќе истакне пет клучни аспекти за одржливоста на мобилните уреди: трајност, поправливост, можност за рециклирање, климатската ефикасност и ефикасноста за ресурсите. Водечките луѓе на петте мобилни оператори: Tim Höttges (Deutsche Telekom), Stéphane Richard (Orange), José María Álvarez-Pallete (Telefónica), Allison Kirkby (Telia Company) и Nick Read (Vodafone Group), со заедничка изјава го поддржале движењето на Eco Rating иницијативата. 

Eco Rating применува доследна и објективна методологија за оценување преку 19 различни критериуми, што дава единствен резултат за секој уред. Со тоа, Eco Rating дава насоки во пет клучни области:

Трајност - робусност на уредот, векот на траење на батеријата и гарантен период за уредот и неговите делови.

Поправка - колку лесно може да се поправи телефонот, вклучувајќи го дизајнот на мобилниот и активностите што би можеле да го зголемат векот на траење на производите подобрувајќи ја можноста за поправка, повторна употреба и надградба. 

Рециклирање - колку може повторно да се употребат компонентите на уредот, а материјатлите да се рециклираат.

Климатска ефикасност - емисија на стакленички гасови на уредот во текот на целиот животен циклус. Колку подобар резултат, толку попозитивно влијание врз климата.

Ефикасност на ресурсите - се проценува влијанието предизвикано преку количината на користени помалку расположливи сировини што му се потребни на уредот, како што е на пример потребно златото за производство на електронските компоненти, во споредба со недостатокот на ресурсите. Во овој случај, колку подобар резултат има, толку помало е влијанието врз достапноста на материјалите.

Методологијата се базира на најдобрите пракси и знаење, собрани од претходните иницијативи за еко означувањето. Развиена е со техничка поддршка и надзор од компанијата IHOBE, со учество на производителите на уредите и најновите стандарди и насоки од Европската унија. Од јуни 2021 година, се воведува во следните европски земји: Албанија, Австрија, Црна Гора, Чешка, Данска, Естонија, Финска, Франција, Грција, Хрватска, Ирска, Италија, Литванија, Унгарија, Германија, Полска, Португалија, Романија, Македонија, Словачка, Шпанија, Шведска , Турција и Велика Британија.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.