Најсмртоносните апликации за вашата батерија

Објавено на 30.05.2021 14:11 во Рецензија


Најсмртоносните апликации за вашата батерија

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Многу апликации што ја трошат вашата батерија, а не сте знаеле за ова досега;



Целата рецензија

Истражување покажало дека 93% од мобилните корисници отвараат неколку апликации дневно. Напредната графика, додадената функционалност и подобрувањето во кодирањето се сигурност дека сите компоненти на смартфоните се користат до нивниот максимален потенцијал. Не се направени сите апликации исто. Twitter на пример, не бара многу ресурси од смартфонот, мобилните видео игри бараат високи графички можности и батерија од уредот.

Неколку апликации што се сметаат за нештетни, всушност се најголемите виновници за брзо трошење на батеријата на вашиот уред. Тоа не е секогаш очигледно, но апликациите што користат најмногу внатрешни функции, предизвикуваат и најголем хаос. pCloud компанијата се занимава со компјутерство во облак, која си дава за задача да ги пронајде најголемите убијци на батеријата за смартфони, односно мобилните апликации што трошат најмногу енергија.

Истражувањето опфатило три аспекти: функциите што ги користи апликацијата, потрошувачката на енергија при нормално користење и дали има апликации, таканаречени мрачен режим на работа (dark mode).

Со комбинирањето на овие резултати, pCLoud успеа да пресмета кои од 100 најпопуларни апликации се „најголемите убијци на смартфони“. Станува збор за студија прилагодена за американскиот пазар, но некои од резултатите ќе се сметаат за неважни, но тоа не значи дека не се изненадувачки, со оглед на видот на апликацијата и нејзината намена.

Непријатели број 1

Најголемите злонамерници за батеријата според истражувањето на pCloud се апликациите Fitbit и Verizon, кои користат 14 до 16 достапни спецификации на уредот. Двете наведени апликации оствариле резултат од 92,31%.

Социјални мрежи - убијци на батеријата

Никој нема да биде изненаден од фактот што апликациите од социјалните мрежи пребрзо ги цедат батериите на мобилните телефони. Со оглед на тоа што повеќето од тие апликации користат следење на локации и вчитување на фотографии, како и камера на уредот, тоа е очекувано. Наведени се 10 апликации на социјални мрежи, кои што претставуваат зло за батеријата на уредот:

1. Facebook (82 %)

2. Instagram (79 %)

3. Bumble (77 %)

4. Snapchat (77 %)

5. Tinder (77 %)

6. Grindr (72 %)

7. Likke (72 %)

8. Twitter (69 %)

9. Houseparty (62 %)

10. TikTok (62 %)

Батеријата не е единствениот скапоцен ресурс што ги исцрпува апликациите. Меморијата е ресурс што редовно се користи до максимум. Овие 10 апликации според pCloud се најголемите потрошувачи на меморија на смартфони:

1. United Airlines

2. Lyft

3. Uber

4. Fitbit

5. Facebook

6. Uber Eats

7. PayPal

8. Microsoft Teams

9. YouTube

10. Airbnb

Истражувањето јасно покажува дека апликациите на социјалните мрежи и понатаму се едни од најголемите убијци на батеријата. Истражувањето исто така истакнува дека апликациите за фитнес и патување, кои бараат работа на повеќе функции на уредот во позадина, што се уште повеќе исцедувачки за батеријата на мобилниот и системите за меморирање на податоци, истакнува pCloud во објавата на својот блог.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.