Google ги криел сетинзите - Корисниците не можеле да ја исклучат локацијата

Објавено на 30.05.2021 21:52 во Рецензија


Google ги криел сетинзите - Корисниците не можеле да ја исклучат локацијата

Оцени

usability
0.0


Перформанси
0.0


Цена
0.0


Камера
0.0


резултат
0.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:



Целата рецензија

Google повторно се разоткрива како компанија која врши злоупотреби со правилата за користење. Овој пат, покрената е тужба во САД со која интернет гигантот е осомничен дека намерно ги криел сетинзите со кои корисниците може да одберат да ја исклучат нивната локација. 

Оваа пракса важела за Android оперативниот систем кој требаше да понуди транспарентен начин на преглед на тоа кои информации корисниците ги споделуваат со интернет компаниите.

Што криел Google од корисниците?

Според наводите на јавното обвнителство откриени се документи во кои се содржани многу детали за праксата на Google да ги „закопа“ опциите за приватност на корисниците и нивен избор на тоа кои податоци дозволуваат да бидат собирани и обработувани од Android платформата.

На тој начин корисниците многу потешко можеле да ја најдат опцијата со која ќе ја исклучат можноста за споделување на нивната локација.  

Најчесто податоците за локации кои ги посетил корисникот е за полесно пласирање на реклами, понуда на подобри резултати при пребарување и пласирање на се што значи рекламен еко-систем на Google преку Android мобилните сервиси.

Проблемот е што корисниците и откако ја нашле "скриената" опција за исклучување на следењето на локацијата на системско ниво, Google преку Android платформата и натаму ги собирал сите клучни податоци од корисниците, без тие тоа да го знааат.

Google со новите верзии на оперативниот систем Android се фалеше дека корисниците добиваат многу голем преглед на тоа кои дозволи за следење на податоците и пристап до функциите на уредот им се на располагање. 

Но, одредени апликации во договор со Google имале пристап до локацијата на корисникот дури и кога тој преку својот смартфон одбрал да не ја споделува со Android ниту со останатите девелопери.

Скандалот полека ќе се отплеткува и може да се откријат многу опасни практики кои ја прават платформата на Android се повеќе интрузивна.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Христијан Станоевиќ
Author Image
Дипломиран новинар