Тајните на успешните инфлуенсери, еве колку следбеници мора да имате

Објавено на 31.05.2021 12:09 во Рецензија


Тајните на успешните инфлуенсери, еве колку следбеници мора да имате

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Инфлуенсерите заработуваат многу;

 

Negatives:

- За да бидете инфлуенсер мора да имате огромен број на следбеници;



Целата рецензија

Со последните истражувања кај децата и тинејџерите, утврдено е дека тие не сакаат да станат астронаути или полицајци кога ќе пораснат, туку фантазираат да станат youtube-ри и инфлуенсери. Професијата што до неодамна не ни постоеше, денес е исклучително популарна. Не само децата и тинејџерите, туку и возрасните се обидуваат да се пробијат на пазарот, снимајќи различни фотографии и видеа, повикувајќи ги другите корисници на кликање, споделување и претплата на нивните канали.

Меѓу бројните инфлуенсери и оние што се обидуваат да станат тоа, само мал број од нив на крајот успеваат да соберат доволно голема база на пријатели, врз основа на што би можеле да заработуваат. Ако се прашувате колку следбеници мора да имате за да може да објавувате спонзорирана содржина, сега тоа може да го погледнете на страницата Lickd.co. За да можете да живеете од оваа професија, на оваа веб страница имате калкулатор, со кој што може да пресметате што се треба да направите за да имате годишна заработка што би била доволна за живот, без потреба од друга работа. Пресметките се изработени „врз основа на различни предвидувања во индустријата“.

Цифрите за кои што зборуваат тие, се однесуваат за пазарот на САД и јасно е дека ова тешко би можело да се спореди со македонскиот пазар. Цифрите сепак може да зависат и од различни индивидуални фактори, но секако се интересни и ни даваат увид за минималните цифри за следбеници и објави.

Ако во калкулаторот внесеме цифра од 20 илјади долари годишно (без данок, дополнителен данок и останатите давачки), потребно е да имате минимум илјада претплатници на YouTube за видеата, и вашите видеа да бидат прегледани речиси 4,8 милиони пати. Ако сакате толкава цифра да остварите на Instagram, со минимум 5 илјади следбеници на таа мрежа може да имате 62 спонзорски објави годишно.

Да потсетиме уште еднаш дека овие цифри се однесуваат за пазарот на САД и се базирани на просечни цифри за спонзорски објави, кои може да варираат во зависност од индустријата и клиентите. Што се однесува до TikTok, со минимално 10 илјади следбеници, за да свртите 20 илјади долари годишно, потребно е целата содржина да биде прегледана над 54 милиони пати.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.