Милијардерите први летаат во вселената, ќе можат ли и обичните луѓе?

Објавено на 10.07.2021 20:50 во Рецензија


Милијардерите први летаат во вселената, ќе можат ли и обичните луѓе?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Поевтинување за обичните корисници во иднина за вселенскиот туризам;
+ Зголемување на компаниите што вршат вселенски туризам;
 

 

Negatives:



Целата рецензија

Двете вселенски летала, две компании, а само една цел: да ги одведат своите основачи во вселената. Ричард Бренсон и Џеф Безос ги основаа своите компании Virgin Galactic и Blue Origin на почетокот на 21 век, а сега двајцата сакаат да одат во вселената со само неколку дена разлика.

Резултатот со паралелен развој на компанијата и жестокото соперништво на двајцата бизнисмени, означуваат голем пресврт во индустријата на вселенскиот туризам во настанувањето. Милијардерите се меѓу првите патници, а нивната крајна цел е да овозможат на стотици богати клиенти со сопствените очи да се восхитуваат на Земјата од далеку од вселената.

Тие нема да бидат првите богаташи во вселената

Американецот со унгарско потекло, Чарлс Симонји и Гај Лалиберте, канадскиот ко-основач на компанијата Cirque du Soleil, поминале неколку дена на Меѓународната вселенска станица во 2007, односно 2009 година, но летале со рускиот Сојуз.

Безос и Бренсон ќе бидат првите што во вселената ќе одат со приватни вселенски компании што самите ги основале. 

„Едноставно е неверојатна и прекрасна случајност да одиме горе, во ист месец“, изјавил Бренсон.

Тој тврди дека неговата одлука да го помести патувањето на 11 јули „искрено не“ е донесена за да го претекне основачот на Amazon, чие патување е предвидено за 20 јули.

Станете астронаут

Бренсон полетува во недела од базата во Ново Мексико под името SpacePort America. Времето што уште не е објавено, но компанијата кажала дека настанот во живот ќе започне во 7 часот по локално време, што би било во 15 часот по средноевропско време. 

Авионот носач полетува од пистата и го пушта вселенскиот брод VSS Unity на височина од 15 километри. Двата пилота на VSS Unity ги активираат ракетните мотори, кои ќе го пренесат леталото на повеќе од 80 километри височина, што САД го смета за граница на вселената. Патниците, Бренсон и уште тројца бизнисмени на Virgin Galactic ќе може да се одведат и уживаат во бестежинската состојба неколку минути.

Леталото потоа ќе се врати на пистата од која што тргнало. Бренсон сака да го процени искуството за идните клиенти што се очекуваат од 2022 година. Околу 600 луѓе веќе купиле карти, чија цена се движи од 200.000 до 250.000 долари. 

„Кога ќе се вратиме, ќе објавам нешто многу возбудливо со цел на повеќе луѓе да им се овозможи прилика да станат астронаути“, ветил Бренсон.

Минимална обука

Blue Origin ќе го лансира своето летало на 20 јули, на годишнината од првото слетување на Месечината од 1969 година. Ракетата New Shepard го носи името според Алан Шепард, првиот Американец што стапнал во вселената. 

Капсулата може да пренесе до 6 членови најмногу од екипажот, која после полетувањето ќе се раздели од моторот и ќе ги вози во рок од 4 минути на височина од 100 километри, на Кармановата граница што е меѓународно прифатена граница на вселената.

Комерцијалните авиони обично летаат на височина од 10 километри

Капсулата се враќа на Земјата со три големи падобрани. Во неа ќе биде основачот на Amazon, неговиот брат Марк, 82-годишната авијатичарка Воли Фанк и добитникот на картата продадена на аукција за 28 милиони долари.

Тоа ќе биде првото лансирање на New Shepard со човечки екипаж. Virgin Galactic имал три лета со екипаж. Спротивно од соперничкиот SpaceX, кој планира амбициозни патувања за туристи што ќе трае по неколку дена, суборбиталните летови на Virgin Galactic и Blue Origin, бараат минимална обука. 

Иако веќе со години се најавува, ерата на вселенскиот туризам зависи од успехот на овие тестни летови. Во 2014 се урна летало на Virgin Galactic, што однесе и еден живот на пилот, што предизвика големо задоцнување на програмата. Уште еден траков трагичен настан би можел да стави крај на се.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.