Како изгледале почетоците на Мате Римац, од гаража до Bugatti

Објавено на 18.07.2021 18:38 во Рецензија


Како изгледале почетоците на Мате Римац, од гаража до Bugatti

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Подобрување на економијата во Хрватска и балканот;

 

Negatives:



Целата рецензија

Со преземањето на Bugatti, Мате Римац, стана главна вест во светските медиуми. Тој почнал во гаража во Загреб, во која пред 11 години ни го демонстрираше својот спортски електричен автомобил. Десет години подоцна, Porsche и Rimac станаа партнери, а Rimac ги здружи силите неодамна и со Bugatti.

„Rimac Automobili пред 12 години беше само еден човек во гаража. Тогаш не можевме да го замислиме ова што денес го објавуваме“, да се споиме со Bugatti, вели Римац.

На чело на таа соработка е Мате Римац, чие седиште е во Хрватска, кој ќе биде главниот акционер со удел од 55%. 

„Тоа е одлично за хрватската економија. Симболичното значење е огромно, затоа што со тоа покажува дека голема индустрија е заинтересирана за хрватското општество“, изјавил економскиот аналитичар Дамир Новотни. 

Хрватските министри и премиерот ги посетиле погоните на компанијата и ја ставиле во топ приоритети, со цел подобрување на економијата. Од Европската унија се очекува кофинансирање од дури 200 милиони евра. 

Со Bugatti во рацете, Мате Римац доби врел компир во рацете, затоа што оваа компанија веќе сто години не е профитабилна. Во градот Света недела, Rimac Automobili ќе градат кампус на 200.000 метри квадратни. 

„Можам да кажам дека ми е многу мило, со тоа што конечно докажавме дека не мора само странски фирми да ги купуваат хрватските, туку дека можеме и обранот - хрватска фирма да купи странска фирма“, изјавил Дарио Зуровец, градоначалникот на Света недела.

Со преземањето на Bugatti, Rimac Automobili преземаа работа што бара многу труд во автоиндустријата. Факт е дека компанијата доби врел компир во рацете, но го доби и признанието од Volkswagen и Porsche, автомобилските гиганти, кои што не знаеја што да направат со тој бренд, а сфатија дека со таква прилика може да направат добар бизнис.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.