Џеф Безос нема да добие астронаутски крилја, оти не се добиваат туку-така

Објавено на 26.07.2021 13:00 во Рецензија


Џеф Безос нема да добие астронаутски крилја, оти не се добиваат туку-така

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Чекор напред за човештвото со патување низ вселената;

 

Negatives:

- Остри мерки за добивање на астронаутски крилја;



Целата рецензија

Секоја личност што ќе оди во вселената не се смета автоматски дека е официјално астронаут. Американската агенција за воздухопловство (FAA) ги заострила своите правила за доделување на астронаутски крилја за оние што летаат на приватни вселенски летови. Така, за да добиете титула за официјален комерцијален астронаут е недостижна.

Што значат астронаутските крила што ги доделува FAA?

Во САД постојат три институции што доделуваат астронаутски крилја, една е војната, втора е научна, а третата комерцијална. Воената институција е Пентагон, научната е НАСА, а комерцијалната е претходно спомнатата FAA.

Првите две даваат астронаутски крила само за своите вработени, па затоа единствен начин за да се стекнете со таква титула е со комерцијално вселенско летало. Тоа значи дека Џеф Безос може да добие астронаутски крилја само од FAA. Доделувањето на овие крилја не значи во суштина ништо, освен да добиете право да се пофалите дека имате официјален статус на астронаут.

Правила за постигнување на статус на комерцијален астронаут

За да добиете астронаутски крилја од FAA, мора да бидете вработен во компанија што испраќа летало во вселената, така што туристите се веднаш исклучени од целосната приказна. Со други зборови, сите милијардери и мултимилионери што сонуваат за астронаутски крилја, а немаат свои вселенски компании, може и понатаму да сонуваат.

Исто така, тие луѓе мора да ја поминат астронаутската обука одобрена од FAA и да полетаат на над 80 километри надморска височина. Тоа значи дека мора да покажат активности во текот на летото, кои што се есенцијални за јавната безбедност или барем да придонесат кон безбедноста на човечкиот лет во вселената.

Што се смета за придонес?

За тоа одлучуваат официјалните лица на FAA, но изгледа дека главниот критериум е дека личностите што патуваат во вселената, мора да имаат улога на член на екипажот и да извршуваат одредени задачи во летото, а не да бидат само патници. 

Дали патниците од Virgin Galactic и Blue Origin станаа астронаути?

Кога станува збор за Virgin Galactic, нештата се малку комплицирани. Бренсон и тројца патници имаа улога на членови на екипажот, кои што тестираат вселенско летало, но не е јасно дали навистина со нешто придонеле кон безбедноста на човечкото летање во вселената во генерална смисла.

Кога станува збор за летот на Blue Origin, нештата се многу појасни. Управувањето со леталото се одвивало целосно од копно, а Безос и друштвото имале само една задача, да уживаат во летот. Со други зборови, тие не ги задоволуваат условите на FAA за добивање на астронаутски крила.

Исклучок би можела да биде Воли Фанк, која ја поминала обуката за астронаут во 60-те години на 20 век, но тогаш не можела да замине во вселената. Имено, таа би можела да добие почесни астронаутски крилја како поединец што покажан извонреден придонес или корисна услуга кон индустријата за комерцијалното човечко летање во вселената.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.