Технологијата за препознавање на лице ги притиска вработените да бидат секогаш со насмевка

Објавено на 27.07.2021 12:00 во Рецензија


Технологијата за препознавање на лице ги притиска вработените да бидат секогаш со насмевка

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Препознавање на лице за поголема контрола на вработените од страна на компаниите;
- Намалување на приватноста на луѓето на сметка на новата технологија и компаниите;



Целата рецензија

Технологијата за препознавање на лица ни овозможи со едноставен поглед да ги отклучиме нашите смартфони, да влеземе во своите домови и компании, а во Кина дури и да ја платиме сметката во продавница. 

Камерите што се поставени низ цела зграда ги следат изразите на лицата на вработените. Само оние што се смешкаат може да влезат во работните простории или да договорат состанок, со цел компанијата да се осигура дека сите вработени се среќни, весели и добро расположени.

Многу компании користат технологија за препознавање на лице, т.е. насмевка, во комбинација со интелигенција и алгоритми. Компаниите во Кина користат исти програми со цел да ја следат продуктивноста на своите вработени, мерејќи колку долго им трае паузата за ручек, па дури и каде заминуваат кога ќе ја напуштат канцеларијата, користејќи мобилни апликации.

Таквиот кинески начин за контрола со алгоритми и вештачка интелигенција во Кина нема да ги замени вработените, туку се користат за управување со вработените. Технологијата го зголемува ритамот на работа кај луѓето на машините, така што мора повеќе да работат, наместо да биде обратно, како што тоа се случи во текот на индустриската револуција во 18 век.

Таквите константни контроли во Европа би биле преголемо навлегување во приватноста, но во Кина таквиот надзор е речиси нормален. Само затоа што немаме камери на секој чекор и не мора да бидеме насмеани во текот на целиот работен ден, не значи дека работодавците не не надгледуваат.

Дигиталниот надзор зема голем замав со пандемијата и работата од дома. Компаниите ја искористија оваа прилика да следат што и колку вработените работат користејќи VPN врска за поврзување со компанијата од дома, искористувајќи ги алатките за надзор на активностите, кои што се дел од канцелариските алатки како што е Microsoft 365, или со чести видео повици.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.