САД забранува прединсталација на апликации на iPhone, ЕУ сака да ги скрши синџирите на App Store

Објавено на 29.07.2021 07:30 во Рецензија


САД забранува прединсталација на апликации на iPhone, ЕУ сака да ги скрши синџирите на App Store

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Подобрување на конкуренцијата и сузбивање на доминацијата на Apple на пазарот исклучиво кај своите уреди;

 

Negatives:

- Потенцијално намалување на безбедноста и приватноста на корисниците;



Целата рецензија

Шефот на Apple, Тим Кук, го критикува предложениот закон на Европската унија, со кој што се предвидува за корисниците да ги инсталираат апликациите на своите уреди на Apple и App Store.

„Гледам технолошки правила за кои што се расправа и мислам дека навистина има добри делови. Но, мислам и дека има делови што не се во најдобар интерес на корисниците“, изјавил Тим Кук на конференцијата VivaTech, која се одржа во Франција.

Во Европската унија моментално се расправа за два закона со кои што се регулира работата на големите меѓународни технолошки компании Digital Services Act (Законот за дигитални услуги) и Digital Markets Act (Закон за дигитален пазар). Додека DSA се фокусира на онлајн рекламирањето, DMA се фокусира на компаниите со голем број на корисници, како што се Google, Apple и Amazon и предвидува правила со кои што тие компании би биле приморани да ги отворат своите платформи и за конкурентите.

На Тим Кук му пречи тоа што Apple мора да дозволи инсталирање на апликации на своите уреди и App Store преку интернет или во други продавници на апликации, доколку законот биде прифатен. Корисниците на Apple уреди, моментално може легално да преземаат и инсталираат апликации на iPhone и iPad само во App Store. За Apple тоа е единствен начин на кој што може да обезбедат „висококвалитетни апликации и да спречат ширење на вируси“.

„Дозволувањето на инсталирање апликации преку други извори би ја нарушило приватноста и безбедноста на корисниците, додава шефот на Apple. Ако земете предлог што би ги приморало воведувањето на опции за инсталација на апликации на iPhone од други извори, а тоа би бил алтернативен начин на инсталација на апликации на iPhone, тоа би ја уништило безбедноста на iPhone“, вели Кук.

Apple ќе учествува во расправата за предлог законот, затоа што некои делови се брилијантно смислени, смета Кук. Другата причина за главоболка на Кук доаѓа од американското тело за пазарно натпреварување, кое има одредба според која уредите на Apple не смеат да доаѓаат со прединсталирани Apple апликации.

Така наместо веќе инсталирани бесплатни апликации што Apple ги развивал посебно за iPhone, како што се iChat, Calendar, Notes и FaceTime, уредот ќе доаѓа само со основа - оперативниот систем, а корисниците потоа би можеле да одбираат кои апликации сакаат дополнително да ги инсталираат.

Дејвид Сисилајн за Bloomberg објаснил дека тоа за корисниците ќе овозможи да ги преземат оние апликации што ќе ги посакаат и планираат да ги искористат, со што ќе се намали доминацијата на Apple на пазарот. 

Доколку пријде предлогот во САД, тоа за Apple ќе значи целсоно нов начин на осмислување на уреди и апликации, а за корисниците нешто покомплицирано прилагодување на уредите кон сопствените потреби. Критичарите на предлогот истакнуваат дека некои корисници што не се разбираат многу во технологија, ќе престанат да ги купуваат уредите на Apple, додека кај други ќе предизвика дополнителни трошоци за купување на апликациите што Apple така ги дава бесплатно.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.