Nokia 5.4 е телефон што привлекува со својата робусност и цената

Објавено на 31.07.2021 07:29 во Рецензија


Nokia 5.4 е телефон што привлекува со својата робусност и цената

Оцени

usability
10.0


Перформанси
9.3


Цена
10.0


Камера
9.1


резултат
9.6


Наши забелешки

Positives:

+ Чист Android;
+ Апликации само од Google;
+ My Phone апликација;
+ Ниска цена;
+ Добар дизајн;

 

Negatives:

- Слаби перформанси;
- Слаба камера;



Целата рецензија

Nokia не ги таргетира сериозните гејмери, ниту пак бизнис корисниците, кои што мораат да имаат совршена слика. Кога ќе ја земеме во предвид неговата цена, тогаш се е во ред кај него.

Дисплеј и дизајн

На предната страна имате 6,39 инчен дисплеј со резолуција од 720p, со кој што можете без проблем да ги прелистувате социјалните мрежи или да читате мејлови, но за време на играњето на видео игри, нема да ве воодушеви. 

Nokia 5.4 е цврст и издржлив телефон, единствено што има стаклена позадина. Не е премногу тежок, и не е премногу лесен за да би се плашеле да го притиснете. Според неговите спецификации, тежи само 181 грам. 

Камера

На задната страна има позициониран круг со четири камери. Главната камера е со 48MP, втората и третата камера се по 2MP, додека четвртата широкоаголна камера изнесува 5MP. Од предната страна се наоѓа 16MP селфи камера. На прв поглед добро ја врши својата работа, а сликите се доволно јасни и остри. Кога ќе ги префрлите сликите на вашиот компјутер, тогаш ќе почувствувате недостаток на детали и замаглување. Во совршени услови на осветленост и мирни раце, фотографирањето е одлично. При редовно користење и во лошо осветлување, фотографиите се матни. Ситуацијата е нешто подобра ако си поиграте со поставките и ги пронајдете оние што најдобро ви одговараат во поединечна ситуација. После неколку ажурирања на софтверот, ќе добиете прилично добри фотографии.

Хардвер

Nokia 5.4 доаѓа со влез од 3,5мм џек за слушалки, додека на бочните страни на уредот има типка за гласовен асистент (Google) и типките за вклучување/исклучување и подесување на звук. Има големи предности од хардверско копче за гласовниот асистент, затоа што побрзо го активирате кога сакате да соработувате со него.

Nokia 5.4 доаѓа со Qualcomm Snapdragon 622 процесор со 4 или 6GB RAM меморија и 64GB/128GB внатрешна меморија. За секојдневна употреба на Netflix, сурфање на интернет, преглед на социјалните мрежи, комуникација со пријателите и слично, овие спецификации се повеќе од доволни. Батеријата има капацитет од 4000mAh, што според спецификациите на Nokia овозможува два дена користење на уредот. 

Софтвер

Nokia е за пофалба што има чиста инсталација на Android 10 (спремен за 11). Во превод, Nokia 5.4 нема никакви дополнителни апликации што непотребно заземаат простор од меморијата. Единствената апликација што не е дел од Android системот со Google сервисите е Netflix. Кој може да му се налути на Netflix?

"My Phone" е апликацијата што може да ви го привлече вниманието, која е едноставна апликација што анализира во каква состојба е телефонот и сугерира што да направите за да се подобри неговата состојба. На пример, може да ја проверите јачината на вашиот WiFi сигнал, но и да ја исчистите работната меморија, со цел да ви бидат побрзи апликациите. Исто така, ќе ви ја покаже и температурата на вашиот телефон, па ако забележите дека се загрева, проверете во апликацијата и погледнете што можете да направите за да се олади.

Заклучок

Можеме конечно да кажеме дека Nokia 5.4 не е телефон направен за да ги воодушеви корисниците што бараат многу. Тоа не значи дека нема да привлече внимание кај корисниците што бараат телефон од доверба без премногу јаки спецификации и со ниска цена. Дополнителен плус е што Nokia гарантира две години ажурирање на Android, па може да бидете сигурни дека со овој уред следните две години ќе имате пристап кон сигурноста и програмските ажурирања на оперативниот систем. Што велите?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.