Украдените 600 милиони во најголемата крипто-кражба досега се бараат назад!?

Објавено на 13.08.2021 11:33 во Рецензија


Украдените 600 милиони во најголемата крипто-кражба досега се бараат назад!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

 

Negatives:

- Украдена најголема количина на токени во историјата на криптовалутите;



Целата рецензија

Хакери ја пробиле блокчејн страницата Poly Network и украле илјадници дигитални токени. Групата извршила голема крипто-кражба и си заминале со криптовалути во вредност од 600 милиони долари. Неофицијално, украдени се околу 267 милиони долари во ether, 252 милиони во binance и околу 85 милиони долари во USDC токени.

Poly Network признава дека хакерите ја злоупотребиле ранливоста во нивниот систем, за да ги зграпчат сите тие токени и ги повикале да им се јават и да го вратат украдениот крипто имот. 

„Количината на пари што ја хакиравте е една од најголемите во историјата на децентрализирани финансии. Полициите на сите земји на тоа ќе гледаат како на сериозен економски криминал и ќе ве гонат. Парите што ги украдовте доаѓаат од десетици илјади членови на криптозаедницата, односно луѓе“, порачале од Poly Network.

Повикани се и различни крипто-менувачници да го блокираат складирањето на криптовалути, откако беше откриено дека милиони долари во токени се префрлени во различни дигитални паричници. Директорот на Binance, Чангпенг Жао, препорачал дека се свесни за грабежот, но и дека не може многу да направат. Истакнува дека ќе се обидат да помогнат, но нема никаква гаранција за тоа.

Според податоците на CipherTrace, губитници во секторот на децентрализирани финансии само оваа година достигнале неверојатни 474 милиони долари. Губитоците поради кибернетски криминал изнесуваат дополнителни 681 милиони долари. За споредба, во 2020 година тие губитоци достигнаа 1,9 милијарда долари. Со оглед на популарноста на криптовалутите, тие цифри би можеле уште повеќе да растат.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.