На што треба да внимаваме кога објавуваме видеа на TikTok и социјалните мрежи

Објавено на 24.08.2021 11:36 во Рецензија


На што треба да внимаваме кога објавуваме видеа на TikTok и социјалните мрежи

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Потенцијално висока заработувачка од влијателноста на социјалните мрежи;

 

Negatives:

- Можност за кражба;
- Лесно стекнување на лош публицитет;



Целата рецензија

Многу корисници на социјалните мрежи и интернет објавуваат видео записи, кои се најпопуларната форма на содржина, која најмногу се конзумира и објавува. За популарноста на YouTube и TikTok навистина не треба да трошиме зборови, а видеото е популарно и на Instagram, како и на Facebook и другите мрежи и апликации.

Во текот на снимањето и објавата на видео содржините, многумина не размислуваат за безбедноста и приватноста, односно потенцијалните опасности што им се закануваат поради нивните објави. На страницата Vlog Tribe објавиле неколку совети за заштита на приватноста и безбедно снимање и објавување на видео записи на YouTube и социјалните мрежи.

Внимателно бирајте ги темит - советувајте се за избегнување на теми поврзани со сексизам, хомофобија, расизам и слично. Дури и кога внимавате на тие проблеми, секогаш постои можност нешто погрешно да се сфати или извлече од контекст, па така вашите следбеници и луѓето што го гледаат видеото може да ги критикуваат таквите видеа и да им дадат палец надолу.

Чувајте ја приватноста на својот дом - кога почнувате со објави на YouTube и други канали, станувате јавна личност чиј живот станува интересен за јавноста, а секогаш постои можност за некој од следбениците или гледачите да има лоши намери. Затоа не ја снимајте вашата куќа или станот, а се советува да не го снимате дури ниту соседството во кое што живеете, затоа што благодарение на Google, тие податоци и видеа може да ја откријат вашата адреса. Кога знаат каде живеете и видат дека сте на некое патување на YouTube, за крадците тоа може да биде како покана да го посетат вашиот дом.

Не мојте да ги користите вистинските податоци, туку некој прекар - дел од популарните YouTube-ри користат прекари за да го сокријат и заштитат својот вистински идентитет. Тоа е многу важно за оние што почнуваат со влогинг, затоа што така ја штитат својата безбедност, а ако со текот на времето станат исклучително популарни, сепак е тешко долгорочно да го сокријат своето вистинско име и презиме, затоа што на интернет лесно може да се најде.

Не откривајте детали околу плановите поврзани со патувањата - бројни YouTube-ри патуваат низ светот и со своите следбеници ги споделуваат сите среќни и несреќни моменти од патувањето. Како што веќе спомнавме, ако споделите информација каде патувате, крадците би можеле тоа да го злоупотребат и да влезат во вашиот дом. Затоа е најдобро видео записите од патувањето да ги објавувате со задоцнување, односно кога ќе се вратите од патување, односно кога сте вие дома.

Скријте ги личните податоци што може да се злоупотребат за phishing и измами - измамниците на интернт се многу вешти и секоја информација што ќе ја откриете е важна и може да ја злоупотребат за кражба на пари, пробивање на вашата дигитална сметка, кражба на лични податоци и друго. Затоа избегнувајте да спомнувате било што за вашите лични податоци или да снимате видеа на кои што се гледа вашата лична банкарска картичка, регистрацијата на автомобилот и.т.н.

Гуглајте го своето име - проверете ги сите информации за себе на интернет, затоа што постои можност да има нешто негативно објавено за вас во минатото. Таквите информации дополнително може да се искористат против вас во коментари и поради нив бројни следбеници може да ви дадат палец свртен надолу за вашите видео записи, што често може и да се случи и да не е тоа поврзано со нивниот квалитет.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.