Може ли криптовалутите да ги заменат класичните валути?

Објавено на 25.08.2021 11:13 во Рецензија


Може ли криптовалутите да ги заменат класичните валути?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Можна замена на класичните валути од криптовалутите;

 

Negatives:

- Нестабилна вредноста на криптовалутите;



Целата рецензија

После периодот на слободен пад на пазарот на криптовалути, кога бројни валути нурнаа длабоко во црвената зона, во последните недели инвеститорите во крипто конечно се смирија со состојбата на берзата. Сега генерално се е во зелено светло, затоа што Биткоин, Етер и Кардано се во голем пораст. Другите популарни криптовалути исто така почнаа да растат, можеби побавно, но секако ќе стигнат до високата предодредена цел.

Во текот на последниот месец, вредноста на вкупниот криптопазар порасна за милијарда долари, официјално објави Forbes. Според тоа, можеме само да се прашаме како пазарот ќе изгледа за пет до десет години. Според едно истражување, до крајот на деценијата, Биткоин и криптовалутите би можеле да ги загрозат класичните валути. Тоа истражување ги објавило резултатите на Forbes, а во него учествувале директори на банкарски и финансиски институции.

Со истражувањето се опфатени околу 1300 луѓе на високи позиции во банки и финансиски институции и над 80% од нив сметаат дека блокчејн технологијата, на која што се базирани криптовалутите, е доволно скалабилна и дека веќе сега масовно е прифатена. Речиси три четвртини од испитаните сметаат дека и нивните компании би требало да се прилагодат кон пазарот и да го прифатат блокчејнот и криптовалутите, затоа што во спротивно може да ги изгубат сите компетитивни предности што сега ги имаат.

Еволуцијата на дигиталниот имот базирана на блокчејн резултира со сеизмички промени во финансиските сервиси, сметаат аналитичарите од Deloitte, кои го проучиле тој извештај. Она што е највоочливо во него е што дури 76% од испитаните сметаат дека Биткоин и другите криптовалути не се само добра алтернатива за класичните валути, туку би можеле и да ги заменат, кои се сепак професионалци од финансиската индустрија. Временската рамка што мора да се помине за тоа да се реализира, би била од пет до десет години.

Линда Павцук од Deloitte, смета дека е време традиционалните играчи на финансискиот пазар да пронајдат иновативни начини за да резултираат со економски раст во иднината, која што ќе донесе големи промени. Некои големи банки веќе одат во таа насока, па така Goldman Sachs и JP Morgan на своите клиенти веќе им ги претставиле сервисите базирани на криптовалути. Слични експерименти со дигиталните валути базирани на блокчејн, почнале и во некои централни банки, но се уште немаат официјални ставови и одлуки. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.