Анхоч со најголем избор на топ популарни тастатури меѓу гејмерите

Објавено на 07.09.2021 11:46 во Рецензија


Анхоч со најголем избор на топ популарни тастатури меѓу гејмерите

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Многу алтернативи за менување свичеви и капи на тастатури;
+ Различен дизајн и бои;
+ Помали и поголеми тастатури, во зависност од вашиот простор;

 

Negatives:



Целата рецензија

Анхоч, како официјален овластен ритејлер на Glorious гаџетите во Македонија, има многу различни гејмерски модели за избор: целосни тастатури и TKL (TenKeyLess - Тастатура без нумерички копчиња) тастатури, кои што може да се модулираат, а гејмерите тоа го обожаваат.

· Keyboard Glorious Modular Mechanical RGB Full Size Black – Glorious се познати по тоа што нивните тастатури може да се модифицираат по желба. Тоа значи дека имаат посебни копчиња, свичеви и бои. Овој модел на тастатура е наменет за оние што не сакаат да ги модулираат тастатурите.

Keyboard Glorious Modular Mechanical RGB Full Size Black е фабрички подготвена тастатура за корисници што сакаат веднаш да ја користат после купувањето. Ова е новата GMMK "White Ice" Edition, со ново мате-сребрено тело, all white double-shot injection keycaps.

· Keyboard Glorious Modular Mechanical RGB Tenkeyless е TKL тип на тастатура (објаснивме погоре), која е иста како и претходната, само што е со 10 копчиња помалку, со цел да биде компактна да ја собере на секоја маса и да биде лесно пренослива.

Таа е првата RGB модуларна механичка тастатура, која доаѓа со прединсталирани Gateron кафеави свичеви и црни типки, вкупно 87 на број. Предноста кај тастатурата е што нејзините свичеви може да се менуваат, како и капачињата исто така. Имате на располагање 16.8 милиони бои со RGB LED светлина со специјални ефекти. Во секој свич имате вклучено и стабилизатори, кои ви помагаат да добиете дополнителна сигурност во типките. 

· Keyboard Glorious Modular Mechanical RGB Compact – наречена и 60%, е иста како претходните 2, но уште попрактична, со основните копчиња без никакви дополнителни. Комплетно фокусирана механичка тастатура за гејминг, за кое гејмерите се многу благодарни. Пристигнува прединсталирана со Gateron кафеави свичеви и црни капачиња. Се разбира, свичевите и овде може да се менуваат, исто како и капите на типките.

Тука имаме и Full NKRO N-Key Rollover технологија. Што значи тоа? Full NKRO N-Key Rollover технологија е мерка за тоа колку притискања на тастатурата истовремено може да се регистрираат од страна на тастатурата. Тоа значи дека секоја типка што ќе ја притиснете истовремено, тастатурата ја регистрира и ја пренесува на вашиот компјутер. 

· Keyboard Glorious Modular Mechanical RGB Full Size White – бела Full-Size стандардна тастатура со нумеричка тастатура. Дефинитивно атрактивен модел на тастатура со бели типки, кои се поретки во денешницата и го носат името „мраз бела“ нијанса на типки.

Дефинитивно нов начин на изразување на компанијата преку глечерски бела боја, за гејмерите да имаат повеќе избор и полесно да го обликуваат својот стил. Телото на тастатурата е во мате сребрена боја. 


·         Keyboard Glorious Modular Mechanical RGB Tenkeyless White – бела TKL тастатура, без нумерички типки, со исти спецификации како претходната тастатура што детално ја објаснивме погоре.

Која од овие две ја преферирате, бела целосна или бела TKL тастатура?

· Keyboard Glorious Modular Mechanical RGB Compact White – бела компактна (60%) тастатура, која е уште помала, а ги има сите врвни перформанси со мате-сребрено тело и мраз-бели типки од "White Ice" серијата. ABS Double Injection спецификацијата на капите на типките значи дека бојата на типката е поинтензивна, што значи дека при процесот на производство капата се изработува на тој начин што пропушта поизразена светлина од конкретната боја на свичот. Исто така, квалитетот на капата е значително повисок. 

Сите овие тастатури доаѓаат со:

- Кабел што може да се промени (не е залемено внатре во нив), евтино е ако сакате да купите ново и не мора да се користи одреден тип на „оригинален кабел“ на „type-c to type-c“. Кабелот во Full Size моделите не може да се вади.

- Gateron Brown свичеви;

- Свичеви кои можат да се вадат и променат;

- Копчиња кои може да се менуваат;

- ABS Double Injection Keycaps – ова значи дека буквата/бројката на копчето не е само залепена од горе, давајќи поголема издржливост од “излижување“ на самата буква/бројка.

Заклучок

Сите тастатури се иста цена достапни на официјалната страница на Анхоч, некои нудат одредена алатка или опција плус, кои другите ја немаат, а пак другите нудат нешто друго што првите го немаат. Веруваме дека за секој префинет вкус ќе се најде барем едно парче што го обожаваат за овие модели од 6.690 денари. Што велите, кој модел е за вас најдобар, ги очекуваме вашите коментари?

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.