Која е вашата ментална добросостојба? - проверете преку апликацијата Relaxifyapp

Објавено на 03.09.2021 10:17 во Рецензија


Која е вашата ментална добросостојба? - проверете преку апликацијата Relaxifyapp

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Го подобрува вашето ментално здравје;
+ Висока ефикасност во опуштање на мозокот;
+ Ги подобрува вашите когнитивни способности;
+ Македонска апликација;
+ Прецизни инструкции за дишење и концентрација;
+ Ниска цена за годишна претплата;

 

Negatives:



Целата рецензија

На луѓето сè повеќе им се потребни вакви апликации, кои им помагаат во негување на нивното ментално здравје. За таа цел, ви ја препорачуваме апликација RelaxifyApp која во моментов веќе е достапна верзија на која активно работат тим од домашни програмери, психолози и UX/UI Дизајнери. Апликацијата ќе има за цел да ви помогне во развивање на вашата психолошка добросостојба и резилиентоност преку различни вежби и активности како: Техники за дишење и приземјување, вежби за концентрација, меморија, развој на емоционална интелигенција и многу други. 

Евалуација на психолошката состојба

Вашиот пат со апликацијата започнува со можноста да ја проверите вашата моментална добросостојба и тоа преку 4те димензии на истата: емоционална, физичка, когнитивна и социјална димензија. Проверката на вашата добросостојба се прави преку прашалник дизајниран од психолози, а начинот на одговарање е едноставен, преку скала од 1 до 6, каде наведувате во колкава мера одредено трвдење се однесува на вас или пак не се однесува.

„Со само една апликација, ќе имате увид во вашите когнитивни, емоционални, физички и социјални функции, преку функционални и индивидуални вежби за подобрување на сите овие области“, гласи пораката на апликацијата.

 

Вежби и игри

Инаку, игрите и вежбите се тука за ментално да ве „размрдаат“, и да ви помогнат да ја подобрите вашата добросостојба. Има различни типови на игри и вежби кои влијаат на подобрување на одреден аспект на вашето ментално здравје, а со тоа и на специфична димезија на истото (емотивна, социјална, когнитивна или физичка). Следствено, со секое вежбање добивате поени за активност на димензиите. Игрите се навистина корисни, а можете да ги играте во едноставен или покомплексен модул зависи од вашето моментално расположение.

Играта за концентрација го подобрува когнитивниот аспект и со успешно играње на истата добивате поени за когнитивната психолошка димензија. На пример, ви нуди 3 различно обоени коцки, со збор запишани која боја се. Двете коцки се со правилно напишани бои, додека третата што не е точна, треба да ја откриете и брзо да реагирате кликнувајќи на неа. Во таа задача имате максимум зададено време од 12 секунди. Имате и потешка верзија со 6 обоени коцки, од кои само една е погрешно обележана. 

„Со фокусирањето, вниманието во оваа игра го тренира вашиот париетален кортекс (круцијален за визуелно ориентирање и неговите промени) во мозокот и предниот кортекс (важен за одржувањето на вашата будност)“, пишува во RelaxifyApp.

 

Приземјување (Grounding) и техники за дишење

Како што гласи и самото име на апликацијата, тимот се потрудил да изработи квалитетни насоки за да се опуштите, смирите, и да се вратите во „Тука и сега“. Тие внимателно ве водат во процесот на приземјување, со тоа што ве советуваат како/колку да вдишете само со дијафрагмата, како/колку да вдишете само со градниот кош, да го задржите воздухот, издишувате и како да го насочувате вниманието.

Се разбира, тоа се работи на интервали и пожелно е во позадина да имате тивка музика или целосна тишина за полесно опуштање.

Како да ги препознаете негативните автоматски мисли

Апликацијата нуди вежба со која ќе можете да ги препознаете негативните мисли и како истите да ги одбегнувате во стресното секојдневие. Оваа вежба покрај другото е и од едукативен караткер. За вашите резултати имате поени и животи.

RelaxifyApp нуди бесплатен дел на апликацијата, на кој што имате неколку сосема солидни вежби и игри, и секако може да ги користите секојдневно со цел подобрување на вашата добросостојба. Месечната претплата изнесува 4 долари, додека годишната претплата изнесува 6 долари само до крајот на овој месец. Разликата е во тоа што со премиум претплата имате повеќе избор и повеќе игри, како и нови премиум содржини секој месец, и нови премиум функционалности. Премиум верзијата може да ја испробате 7 дена, без обврска да продолжите до крајот на месецот. 

Заклучок

Преку игрите вие го подобрувате вашето ментално здравје и секако ќе уживате додека ги играте. Ве охрабруваме веднаш да ја преземете апликацијата RelaxifyApp - Stress & Anxiety Relief на Play Store на овој линк или на iOs AppStore.  

Апликацијата ја градат тим од психолози, програмери и ux/ui дизајнери а во финалната верзија очекуваат да понудат повеќе видови на активности, вежби, поголема оптимизираност и квалитет на изработка и секако напреден дизајн. Од тимот напоменуваат дека ваквата апликација, секако не е замена за стручна психолошка или психотераписка помош, меѓутоа е добро надополнување на истите и секако служи како поддршка за себе-грижа, превенција и развивање на резилиентност.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Телефони.мк
Author Image
Телефони.мк е веб портал кој што постои од 2007.