Инфлуенсерка успешно ја продала својата NFT љубов за 250.000 долари

Објавено на 24.09.2021 08:00 во Рецензија


Инфлуенсерка успешно ја продала својата NFT љубов за 250.000 долари

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Висока заработка од NFT;
+ Било што уникатно може да се продаде како незаменлив токен NFT;

 

Negatives:



Целата рецензија

Дигиталните уметнички дела, виртуелната куќа, првиот твит, дел од кодот на world wide web, се само некои од нештата што не можат да се допрат, а се продадени за енормно високи суми како NFT, односно незаменливи дигитални токени. 

Една полска инфлуенсерка е сега чекор понапред. Марта Рентел на интернет ја понудила својата љубов како NFT, и тоа за дури 250 илјади долари. И успешно ја продала. Анонимниот купувач така ќе има прилика да отиде на вечера со полската инфлуенсерка, само што не е познато конкретно каде, и кој е среќникот што платил толкава количина на пари.

Ова е прв пат некој да понуди човечка емоција на продажба, а покренато е прашањето како некој може да биде сигурен дека го добил тоа што го купил. Ќе добие ли некаков сертификат дека е сопственик на љубовта на Рентел, се уште останува непознато.

Како што објаснува Рентел, одлучила да ја понуди својата љубов на продажба, затоа што сака да направи разлика меѓу лицата Марта Рентел и својата Instagram персона @martirenti. Ренти има над 650 илјада следбеници на Instagram и 2,4 милиони на TikTok. Додава дека нејзината дигитална верзија може да продава љубов, затоа што ништо во онлајн светот не е физичко.

Оваа прва NFT љубов се базира на дигиталната ДНК на @MartiRenti. Симболот и стартот на новата дигитална ера ја напишала на својата интернет страница. Ќе биде интересно да се види што следно ќе се најде на продажба за NFT. Можеби некој ќе понуди омраза или депресија. Ако гледаме според она што досега се продаваше, може да биде било што.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.