Иновативна технологија што ја исфрла батеријата од употреба

Објавено на 05.10.2021 13:00 во Рецензија


Иновативна технологија што ја исфрла батеријата од употреба

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Зелена околина без голем отпад за батерии;
+ Поголема слобода за развој на електронски уреди за оние што имаат хоби;

 

Negatives:



Целата рецензија

Компјутерските инженери од Универзитетот Нортвестерн и технолошкиот Универзитет Дефт, ја развиле BFree технологијата за собирање енергија, со цел да овозможат непрекината работа на уредот без батерија, со само наизменичен влез на енергија.

Истиот тим на научници минатата година го претстави и првиот Game Boy во светот без батерија, кој што се напојува со енергија која што се собира кога корисникот ги притиска типките играјќи ја конзолата.

Инженерите се надеваат дека иновативниот BFree систем ќе помогне во намалување на огромните количини на мртви батерии, кои што завршуваат на депонии низ цел свет како електронски отпад. Системот ќе овозможи за електронската заедница да создава сопствен уред што ќе функционира без батерија.

„Моментално е невозможно за луѓето што електрониката им е хоби, да развиваат уреди со хардвер без батерија, па така желбата ни беше да ја демократизираме нашата безбатериска платформа“, истакнува Џосаја Хестер, водач на истражувањето и асистент професор во електро и компјутерското инженерство од Универзитетот Нортвестерн.

„Оние на кои што електрониката им е хоби од цел свет прашуваат како да го продолжат животот на батеријата на своите уреди. Прашањето е погрешно. Сакаме да заборават на батеријата и наместо тоа да размислуваат за одржливи начини за создавање на енергија“, додава Хестер.

Со цел постојано да функционира уредот со само наизменичен извор на енергија, BFree системот едноставно ги паузира процесите што се во тек, без губење на меморија потребна за работа на долгата листа на операции пред да почне од почеток, еднаш кога внесувањето на енергијата повторно ќе се врати.

BFree е дел од новиот тренд познат како сеприсутно компјутерство, чија цел е да го направи компјутерството достапно во било кое време и на било кое место преку смарт уредите и таканаречените интернет нешта (Internet of Things, IoT).

Истражувањето на научниците претставува значаен чекор напред во таа област, затоа што ја отфрла батеријата од употреба и се што доаѓа со неа, од полнењето до замена на батеријата со текот на времето.

„Многу луѓе предвидуваат дека ќе имаме милијарда уреди во тој IoT. Тоа значи милијарда мртви батерии или 100 милиони луѓе што ги заменуваат батериите во секоја минута. Тоа претставува страшно голема еколошка цена за околината. Она што ние го работиме наместо тоа, е дека навистина им даваме моќ на луѓето. Сакаме сите да можат без проблеми да ги програмираат уредите на одржливи начини“, објаснува Хестер.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.