„Bitcoin-от е безвреден“ за шефот на J.P. Morgan!?

Објавено на 13.10.2021 12:36 во Рецензија


„Bitcoin-от е безвреден“ за шефот на J.P. Morgan!?

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Огромна побарувачка за криптовалути;
+ Голема вредност на bitcoin;

 

Negatives:



Целата рецензија

Познато е дека генералниот директор на J.P. Morgan, Чејс Џејми Димон, не е голем љубител на bitcoin. Секогаш изјавува дека оваа криптовалута нема вистинска вредност и дека некаде може да ја прогласат дури и како илегална. Својот негативен став го потврдил и вчера гостувајќи на настанот што го организирал Институтот за меѓународни финансии.

„Мислам дека bitcoin е безвреден. Со оглед на тоа што побарувачката за криптовалути е многу голема, особено за bitcoin, ќе им овозможиме на клиентите да тргуваат со крипто“, вели Димон, кој нагласил дека очигледно неговите клиенти не се согласуваат со него и не сака да им го скрати тоа. Тој на легитимен начин ќе им овозможи пристап за купување на bitcoin и други криптовалути.

Иако не е љубител на криптовалутите, Димон, како и сите во неговата компанија, се свесни дека криптото е нешто што не може да го игнорираат, туку навремено мора да се спремаат за иднината, во која што криптовалутите ќе имаат уште поголема улога на глобалниот финансиски пазар. Така JP Morgan во 2019 година најави сопствена дигитална валута JPM Coin, додека минатите години отворија нов оддел за блокчејн проекти. 

Она што Димон го очекува од пазарот на криптовалути е воведувањето на строги регулативи, а дел од финансиските експерти сметаат дека тоа барем во САД би бил позитивен потег што ќе влијае врз уште помасовно прифаќање на bitcoin. Тоа мислење не го делат и оние во криптозаедницата, кои што стравуваат дека зголемената регулатива би можела да резултира со намалување на иновациите. 

За оние што се прашуваат дали Димон е во право, доволно е само да ја погледнат моменталната вредност на еден bitcoin. Цифрата од 50 илјади долари што може да ја добиете од продажба на еден bitcoin и не е толку безвредна, како што вели првиот човек на JPMorgan, Чејс Џејми Димон.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.