Платформата што детално се грижи за заштита на вашите лични податоци

Објавено на 23.10.2021 07:30 во Рецензија


Платформата што детално се грижи за заштита на вашите лични податоци

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Samsung Knox ги заштитува вашите лични податоци;
+ Samsung Knox е долгогодишен добитник на многу награди за безбедност;

 

Negatives:



Целата рецензија

Секој ден се потпираме на нашиот дигитален свет кој што се сочинува во голем дел од нашите животи. Нашите лични податоци сега повеќе се застапени во дигитална форма, одошто во хартиена, што значи дека сите ние сме потенцијална мета на хакерски напад од сајбер криминалците. Заштитата на корисникот и неговите лични податоци така се наметна како приоритет во напредната технологија.

Употребата на смартфоните се зголеми за неверојатни 70% поради се уште актуелната епидемиолошка ситуација, додека здравствените услуги преку смартфоните се зголемија за 500%, а и дигиталните трансакции доживеаја пораст од 50%.

Заштита без компромис

Сите овие апликации бараат од секој корисник да ги внесе своите лични податоци кои што во најголем случај би можеле да бидат злоупотребени, доколку немате заштита на ниво. Заканата од такви сајбер напади е се поголема и затоа Samsung Electronics постојано воведува иновации со цел да ги заштити корисниците. 

Samsung постојано го подобрува безбедносниот систем базиран на хардвер и софтвер, што вклучува се од мал чип, до оперативниот систем на смартфонот. Голем напредок во тој сегмент има Google, кој уште од 2018 година ја обнови политиката за приватност и воведе поприфатливо управување со личните податоци, кои што се поврзани со Google сервисите. Со помош на иновативниот чип Google Titan M, безбедноста на смартфоните е на повисоко ниво, при што Android ги направи побезбедни телефоните Samsung Galaxy A52s 5G, Galaxy Z Flip3 5G и Z Fold3 5G, па дури и најновите таблети како што е Galaxy Tab S7 FE 5G. Дополнителната безбедност доаѓа преку Google Play продавницата, која што секогаш се грижи за корисниците да преземаат апликации со сертификат.

Безбедноста приоритет

Доказ дека Samsung се грижи за безбедноста на своите корисници е креирање на платформата Samsung Knox во 2013 година со континуирано ажурирање со текот на годините. На почетокот Samsung Knox беше платформа само за употреба во фирми, но со текот на времето напредуваше во сегментот на безбедноста за смартфони со бројни сертификати што ја потврдуваат моќта на безбедноста. Најголема предност на оваа платформа е заштитата што делува во реално време. Податоците константно кружат на нашите уреди, а хакерите се секогаш спремни за напад. Samsung Knox никогаш не спие со цел да може вие мирно да спиете, знаејќи дека вашите податоци се секогаш сигурни во секој момент.

Платформата Knox добил Global Mobile (GLOMO) награда во 2020 година како „најдобра безбедносна платформа“ во својата категорија. Gartner неодамна објави истражување дека платформата е надградена со висока оценка 27 од 30 вкупно, за нивото на безбедност, а добитник е и на Glomo 2020 наградата за најдобра мобилна иновација во градежништвото - највисока оценка 6+ за Evaluation Assurance Level.

Samsung разви и апликации што дополнително ги штитат личните податоци и ги категоризираат како посебни заклучени бази. Така Samsung Pay (предупредување: Достапноста на услугите се разликува во зависност од пазарот) ги шифрира податоците за плаќање и ги чува во посебен дигитален трезор, додека Samsung Health исто така може да ги изолира личните и здравствените податоци. Samsung Digital Key може на безбеден, дигитален начин да отклучи автомобил, додека Intelligent Wi-Fi го анализира сообраќајот и предупредува на рискантни ситуации. Може да се активира во Wi-Fi поставките во било кој момент.

Без оглед дали ги користиме смарт уредите повеќе за приватни или деловни цело, мора да признаеме дека без нив во нашето секојдневие никако не можеме. Освен што содржат голема количина на наши лични податоци, информациите што ги разменуваме со другите остануваат засекогаш забележани во виртуелниот простор. Затоа е важно да се грижиме за својата дигитална безбедност, каде Samsung како компанија тежи кон константен напредок на технологијата, која на своите корисници ќе овозможи максимална заштита.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.