20 години затвор: Преку Amazon купувал скапи нешта, а враќал евтини

Објавено на 01.11.2021 11:53 во Рецензија


20 години затвор: Преку Amazon купувал скапи нешта, а враќал евтини

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Amazon поседува систем за откривање на вакви измами;

 

Negatives:

- Системот за откривање на измама на Amazon не функционира беспрекорно;



Целата рецензија

Хадсон Хамрик од Шарлот, бил убеден дека открил пропуст во системот на Amazon, која може бесконечно да ја злоупотребува и да ја искористува, со тоа што ќе си обезбеди удобен живот. Неговото делување било едноставно. Купувал скапи производи, а враќал евтини производи после недела или две, со тоа што си ги барал парите назад од Amazon.

Amazon не забележале веднаш дека Хамрик ќе нарача еден производ, а потоа враќа сличен производ со помала вредност. Верувале или не, во период од пет години, извршил 300 лажни трансакции со Amazon, од што 270 пати ги враќал купените производи. Во 250 случаи вратил производи со помала материјална вредност и вкупната штета што ја предизвикал изнесувала околу 300 илјади долари. 

Од производите што ги купувал имало и iMac Pro за кој на Amazon платил над 4 илјади долари. Набрзо после купувањето, започнал процес со поврат на Amazon, со што парите му биле вратени. Но, тој го продал iMac Pro на eBay за добри пари, а на Amazon го вратил обичниот модел, но не ода Pro серијата, кој што е со многу пониска вредност, со поинаков сериски број, се разбира.

Купил и професионален апарат за кафе, кој вреди над 3,5 илјади долари, Asus гејмерски компјутер поскап од 2700 долари и други скапи производи, за кои побарал враќање на парите, а назад враќал поевтини уреди. Од Amazon велат дека тие имаат систем дизајниран токму за вакви случаеви со сомнителни однесувања и екипата што ги истражува и блокира таквите „забранети активности“. 

Со оглед на тоа што Хамрик веќе пет години успешно го мамел Amazon, се поставува колку тој систем е успешен во спречувањето на поединечни измами, затоа што овој измамник успеал да изврши дури 300 трансакции, во кои што компанијата е оштетена. На крај сепак е фатен и сега му се заканува парична казна до 250 илјади долари, но и голема затворска казна. Во најлош случај зад решетки би можел да остане дури 20 години.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.