Samsung Galaxy Watch4: Елегантен, беспрекорен, безвременски

Објавено на 20.11.2021 10:47 во Рецензија


Samsung Galaxy Watch4: Елегантен, беспрекорен, безвременски

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
0.0


резултат
7.5


Наши забелешки

Positives:

+ Нов Wear OS оперативен систем;
+ Одличен систем за известувања;
+ Префинет дизајн;
+ Сертификат за водоотпорност;
+ Сензори за следење на здравствени параметри;
+ Најдобриот чип кај смартчасовниците;
+ Мултитаскинг;
+ Голем избор на позадини;
+ NFC технологија;
+ Поддршка за Google Pay;
+ AlwaysON Display;
+ Одличен квалитет на повици;

 

Negatives:



Целата рецензија

Седум години поминаа после Galaxy Gear Live смартчасовникот. Samsung оваа година повторно лансираше нов смартчасовник што се базира на Wear OS од Google и тоа е супер. Galaxy Watch4 пристигнува во стандардна и Classic варијанта, а секој од нив во две големини. Galaxy Watch4 располага со аеродинамична алуминиумска метална рамка, поседува модерен изглед и функционалност за сите ваши секојдневни задачи, потреби и вежби. Уживавме додека го тестиравме овој часовник, ја гледавме мапата на Google, вежбавме и плаќавме. Ајде да видиме што ни носи четворката.

Дизајн и екран

Samsung го понуди најдобриот смартчасовник со новата серија на Galaxy Watch4. Така сега ги имаме Galaxy Watch4 и Galaxy Watch4 Classic, со две различни големини. Основната разлика меѓу двете верзии е тоа што Galaxy Watch4 Classic го има ротацискиот прстен околу екранот, што му дава самодоверба во изгледот.

Втората разлика е изборот на материјалот од кој што е изработено куќиштето, кое во двата случаја е со IP68 5ATM сертификат за водоотпорност. Classic тежи повеќе и има повисока големина, а доаѓа во куќиштето од нерѓосувачки челик, додека овој вториот има полесно алуминиумско куќиште.

Во секој случај е опремен со нови нараквици, ги имате достапни со повеќе типови на материјали. Најважно е тоа што сите ременчиња се удобни и нема да ви предизвикаат никакви иритации, дури и после целодневно носење. Без разлика за кој модел ќе се одлучите, секако ќе добиете кружен и остар AlwaysON AMOLED екран со автоматско осветлување и изразени бои, што ги следат неколку интересни позадини.

Samsung Galaxy watch4 classic

Galaxy Watch4 Classic се одликува со 1.4 инчен екран, доволно голем за лесно читање на известувањата, фитнес и здравствените параметри, па дури и за типкање на пораки на минијатурната тастатура. Прстенот околу екранот дополнително го штити од гребаници и удари, а со ротирањето полесно се листа интерфејсот и содржината на екранот. На десната страна имате две копчиња и микрофон, а на левата страна е отворот на звучникот, па така со него може и да телефонирате, односно да разговарате со виртуелен асистент, засега само со Bixby, додека Google Assistant не пристигне дополнително.

Од долната страна се наоѓаат сензорите за следење на бројни здравствени параметри. Батеријата може да се полни безжично преку магнетна плочка за која што се лепи, а се полни и на други Qi полначи или на задната страна на телефонот со опција за реверзибилно полнење. Дизајнот на Samsung дефинитивно изгледа предобро. На раката е удобен, квалитетот на изработка е импресивен, а има и многу избор на ременчиња.

watch4

Хардвер

Galaxy Watch4 има Samsung Exynos W920 процесор изработен со 5нм процес на производство, со 1.5GB RAM меморија и 16GB внатрешна меморија. Велат дека тоа е денес можеби и најдобриот чип за носечки уреди. Во текот на тестирањето навистина се покажал во најдобро светло. Опремен е со многу сензори, па и GPS за прецизно следење на спортските активности на отворено и внатре. Galaxy Watch 4 ги следи отчукувањата на срцето, SpO2 заситеност на крвта со кислород, ЕКГ и крвен притисок. 

Сензори

За следење на сите параметри на притисокот и ЕКГ, ви треба Samsung Health Monitor апликацијата, која функционира само со Samsung телефони. Новиот BIA сензор е прв од тој тип на смартчасовник, кој како и денешните современи ваги, применува слаб електричен полнеж за да го анализира составот на телото во процент на маснотии, мускули, коски и вода.

Samsung Galaxy Watch4 е способен во следењето на мал милион спортски активности, а некои ги препознава и автоматски, кои ги следи и бележи. Во неговата прецизност нема потреба да се сомневате, при што за време на тренингот може да слушате и музика, да примате известувања, да одговарате на нив и општо да вршите мултитаскинг. Сето тоа го извршува многу лесно.

Во текот на ноќта го следи квалитетот на вашиот сон, фазите на спиење, па и кислород во крвта доколку ви е активирана таа опција. Со вашиот Galaxy смартфон ќе може да слушнете дали `рчите во сонот и дали ќе снимате звучен запис.

Софтвер

Голема и важна новост е новиот оперативен систем на Galaxy Watch 4. Samsung го користеше Tizen OS досега, кој е еден од најдобрите оперативни системи за смартчасовници, но ова е нешто многу подобро. Новата четворка поседува WearOS powered by Samsung, оперативен систем што произлезе од соработка на Samsung со Google. Google Wear OS е зачинет со магиите на Samsung и One UI скин. Сега имаме обезбеден пристап кон Play Store, кој нуди многу добри апликации и позадини, а меморијата од 16GB е доволна за многу апликации, музика и мултимедија.

Со преминувањето кон Wear OS, сега на Galaxy Watch 4 може да инсталирате и YouTube Music и Spotify за слушање на музика директно од часовникот со поврзаните bluetooth слушалки. За поврзувањето со телефонот, како и обично, се користи Galaxy Wearable апликацијата, преку кона потоа може и од големиот екран да ги подесувате поставките на часовникот. Со телефонот се поврзувате преку Bluetooth 5, а има и Wi-Fi. LTE варијантата на овој часовник користи eSIM за апсолутна самостојност и телефонија.

Снаоѓањето со интерфејсот ќе ви биде интуитивно, освен тапкањето и лизгањето на екранот, за интеракција со интерфејсот се користат и страничните копчиња, и ротирачкиот прстен. Менито со апликации сега излегува со лизгање од дното на екранот кон горе. Апликациите сега се прикажани во облик на рој на иконки, наместо во облик на круг како кај TizenOS. Со лизгањето од врвот на екранот кон долната страна се спушта Контролниот центар со најважните системски прекинувачи. Со лизгањето на прстот преку екранот надесно, се оди еден чекор напред.

Со долг притисок на почетниот екран се влегува во опциите за одбирање на позадина (watchface). Многумина од нив се прилагодуваат на начин што може да бирате бои и кратенки, односно информациите што ќе се прикажуваат. Со лизгањето кон десно, на Почетниот екран ќе излезат и ќе може да одберете различни виџети.

WearOS нуди одлични анимации, а интерфејсот реагира одлично кога ракувате со него. Системот за известувања и досега беше одличен на телефоните на Samsung, а сега е и на WearOS. Известувањата од сите апликации целосно се прикажуваат, а на нив директно со часовникот може и да одговарате ако не ви пречи да пишувате директно со минијатурната тастатура.

Може и да повикувате некого и да примате повици од вашиот зглоб, доколку ви е мерак да го правите тоа со вашиот зглоб. Квалитетот на повиците е одличен. Galaxy Watch 4 поседува NFC технологија и има поддршка за Google Pay плаќање. Функционира одлично.

Батерија

Независно дали ќе го доберете помалиот или поголемиот модел, земете во предвид дека после два дена користење ќе треба да го полните. Со вклучен AlwaysON Display, автономијата може да биде пократка. Со специјалниот Watch Only режим, може и до 15 дена да издржи без полнење. На приложениот магнетен полнач се полни околу 1 час и 15 минути.

Заклучок

Независно кој смартчасовник од Galaxy Watch4 серијата ќе го купите, секако добивате убаво дизајниран и квалитетно изработен часовник, полн со смарт можности. Имаат прекрасен AlwaysON Display, лесно е читлив и на отворено, има одлични перформанси и цела плејада на сензори за следење на здравствените и фитнес параметрите, меѓу кои се и мерењето на крвниот притисок, ЕКГ, па и анализата на системот на телото, што не го нуди ниту еден друг смартчасовник.

Системот за известувања е најдобар во смартчасовник арената, а квалитетот на телефонските повици е одличен. Благодарение на WearOS, бројот на апликации дополнително е проширен, а поддржува и Google Pay плаќање. 

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.