Криптовалутите на Балканот земаат замав, Словенците не плаќаат данок за крипто

Објавено на 18.11.2021 10:31 во Рецензија


Криптовалутите на Балканот земаат замав, Словенците не плаќаат данок за крипто

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Во Македонија може да се тргува со криптовалути;
+ Физички лица во Словенија не плаќаат данок за крипто;
+ Висока потенцијална добивка во крипто;

 

Negatives:

- Македонија нема закон за криптовалути;
- Висок ризик за губење на инвестициите во криптовалути;



Целата рецензија

Криптовалутите земаат замав на Балканот, затоа што луѓето гледаат голем потенцијал во тоа. До пред само една година, со неверување луѓето ги следеа светските технолошки трендови, се додека не се уверија и дека многу луѓе во Македонија станаа добитни. 

Со криптовалути веќе тргуваат економисти, лекари и музичари, луѓе без работа, со мала заштеда, и друго. Може да се случи и некои студенти со ригови да копаат криптовалути. Најсвеж пример е Елвис Бајрам, кој насетил дека има нешто во тоа и МВР извести дека користел електрична енергија нелегално за копа крипто. Биткоин на пример, минатата година беше 30 илјади долари, моментално вредноста се врти околу 60 илјади долари. Етер моментално вреди 4.500 долари, додека минатата година беше помалку од 1000 долари. 

Дигиталните валути имаат висок ризик при тргувањето, затоа што може се да изгубите одеднаш, или многу да се искачите на листата. Секогаш следете ги советите од поискусните трејдери и не влеувајте во ризични проекти со висок ризик и на непознато. Не ги прифаќајте неприфатливите понуди дека ќе добиете поврат на инвестиција од 2360%, без да се мачите. Колку за информација, пред половина година на берза за криптовалути во Босна и Херцеговина имало 3.000 регистрирани корисници, а сега има 8.500. 

Со криптовалути се тргува во Словенија и во Хрватска, земји кои се меѓу првите во регионот што почнаа со регулација на пазарот на капитал. Словенија е земја без данок на физички лица за капитални добивки од биткоин и другите криптовалути. Македонија нема закон за криптовалути, но сите стручни лица велат дека ако парите ги повлечете на лична сметка, тогаш ќе мора да платите 11% персонален данок на УЈП. Фактички, во Македонија не е дозволено тргување со криптовалути, но не е ниту забрането, така што слободно може секој да купи и да продава.

Колку за илустрација, вкупниот крипто пазарен капитал изнесува 2,594,170,625,791 долари, додека првите 15 коини со најмногу пазарен капитал се: Биткоин, Етериум, БНБ, Тедер, Солана, Кардано, ЕксАрПи, Полкадот, Доуџкоин, Шиба Ину (прочитајте како станал милионер со вложени само 8.000 долари), Аваланш, Тера (ЛУНА), Лајткоин и Крипто Коин

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.