Поради недостаток на чипови,автомобилите немаат сателитска навигација и безжично полнење на смартфон

Објавено на 19.11.2021 11:07 во Рецензија


Поради недостаток на чипови,автомобилите немаат сателитска навигација и безжично полнење на смартфон

Оцени

usability
10.0


Перформанси
10.0


Цена
10.0


Камера
10.0


резултат
10.0


Наши забелешки

Positives:

+ Намалена цена на возилата;

 

Negatives:

- Недостаток на чипови;
- Помалку опрема во автомобилите;



Целата рецензија

Недостатокот на чипови многу ја погоди автомобилската индустрија. Иако побарувачката за возила е голема, автомобилските компании немаат доволно компоненти, односно чипови, со цел да можат да ги довршат возилата и да ги испорачаат на купувачите.

Затоа некои компании ги испратиле работниците на годишни одмори, а некои привремено ги затвориле фабриките, додека дел од нив се одлучиле да ги направат автомобилите со делови што имаат и потоа да ги очекуваат остатокот на чипови со цел да може да се довршат возилата.

Некои сепак се одлучиле за поинаква тактика. Ги испорачуваат автомобилите без некои стандардни опции, т.е. компоненти. Производителите на автомобилите иновирале многу функции кај автомобилите, но потоа биле приморани да се откажат со цел нивните купувачи да не мора толку да чекаат за испорака на возилата.

За проблемите со BMW веќе пишувавме. Кај некои од нивните автомобили не испорачуваат екрани на допир. Сопствениците на некои Ford возила ќе мора да прифатат компромис дека ако порано го добијат автомобилот, нема да имаат одредени компоненти како што се сателитските навигации. Таа опција ќе може дополнително да се вгради. Nissan нема да ја вгради сателитската навигација во дел од своите возила, иако тоа го планирале. 

Недостатокот на чипови влијае и врз Mercedes. Кај дел од автомобилите што порано годинава излегоа од производните ленти, не се вградени подлоги за безжично полнење на телефоните, некои LED светла и аудио системи. Тоа најмногу се однесува на AMG моделите. 

Купувачите на Cadillac ќе се разочараат од информацијата дека кај дел од моделите нема да има опција за асистент при возењето на Super Cruise, додека General Motors кај одредени модели на автомобили морал да ја исфрли поддршката за HD радио. Автомобилите на оваа компанија, во зависност од моделот, нема да има седишта и волани со грејачи, и како и некои Mercedes возила, поддршка за безжично полнење на смартфон.

Како што може да се заклучи, недостатокот на чипови влијае многу кај одредени производители на автомобили. Многу софистицирани опции кај автомобилите ќе ги нема. Со оглед на тоа што ситуацијата на пазарот се уште не може да се подобри, треба да очекуваме дека и во 2022 година на пазарот ќе има автомобили без одредени опции, кои што претходно беа стандард и дел од најосновната опрема.

Дали ви се допадна рецензијата? Ако имате нешто да дополните ве молиме напишете коментар




За авторот

Александар Младеновски
Author Image
Дипломиран новинар, истражувач со познавања во повеќе области, практикува јога, сака да ги инспирира луѓето и да поттикне промени.